Универзална вчера претесна за Нокаут, вечерва реприза

Универзалната сала вчера вечерта беше претесна за концертот на дечките од Нокаут. Групата одлично ја започна вечерта со далечниот хит „Фатална опсесија“ нумера со која беше премиерно испеан на „Макфест“ во 1997 година.

Групата заедно со публиката пееја се до најновите хитови од последниот албум „Три“. 

nokaut1

-Драго ми е што Универзална сала е исполнета до последното место, рече Никола Перевски- Пере кој го отвори првиот, од двата најавени концерти.

nokaut2

На сцената насловена како Нокаут бар, како прв гостин настапи Тони Зен, потоа следуваше Мио ДНО, па стариот добар рок бенд од Ѓорче Петров, Last Expedition и тоа во својата оргинална постава, а како последен гостин на сцената се појави легендарниот- еден и единствен Игор Џамбазов на кој му беше оставено финалето на концертот.

nokaut3

За сите оние кои го пропуштија вчерашното премиерно издание, денеска, Нокаут повторно ќе настапуваат за својата публика.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега