Тепачка во куќа во центарот на Скопје, причина – нерасчистени имотно-правни односи

Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.О.(38) и Ѓ.О.(62) од една страна и А.О.(34) и Р.Д.О.(59) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет, извести МВР. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 
 
06.06.2024 - 18:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега