Хамас не се согласуваат да го предадат оружјето за прекин на огнот

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, ги известил арапските посредници дека палестинската група нема да го предаде своето оружје или да се согласи со договор за прекин на огнот, објави Волстрит џурнал.

Претходно, египетски извор изјави за државната телевизија Ал Каиро њуз дека Каиро добил „позитивни знаци“ за последниот договор и очекува одговор во наредните денови, наведе „Тајмс оф Израел“.

Египет посредува со САД и Катар во обид да го прифати примирјето предложено од американскиот претседател Џозеф Бајден минатата недела.

06.06.2024 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега