Денеска не излегувајте без чадор: Ќе има невреме

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.

23.08.2025 - 10:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега