- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Министерството за финансии вложува напори да создаде услови за пазарот на капитал, како еден вид мотор на економијата, да работи посилно и постабилно. Тој е извор на енергија за компаниите што сакаат да растат, да иновираат и да отворат нови работни места, затоа нашата цел е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги следи европските стандарди, но и ќе одговара на потребите на домашната економија. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на отворањето на Годишната конференција на Македонска берза што се одржува во Охрид. При тоа таа истакна дека овој традиционален настан е…
Она што мислам дека треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите, рече претседателката Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на настанот по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД. – Должници сме кон вас и јас ветувам дека се што можам ќе сторам за да ги интензивираме контактите и за да бидеме заедно и тогаш кога сме одвоени, рече Сиљановска – Давкова. Како што јави известувачот на МИА, таа им порача да останат сплотени, да не ги пренесуваат делбите,…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово информираше дека дел од реквизитетите и опремата во отворената теретана во Паркот на франкофонијата е оштетена. „На кого му пречи, навистина? Катчето за рекреација, направено на барање на жителите, со новата современа теретана што ја поставивме пред само една недела во Паркот на франкофонија, утрово го затекнавме уништено. Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле“, напиша Герасимовски. Тој посочува дека наместо простор за рекреација, некој избра деструкција. Сепак, рече дека случајот е пријавен во…
„Ние работиме на една интеграција во ЕУ со идентитет и интегритет и многу пати тоа сме го повториле. Позициите се нарушени изминатите седум години до степен да многу работа е потребно на таа тема, така што ценам дека целата дипломатска офанзива којашто ја имаме во рамки на Владата и којашто го води овој процес ќе успее да доведе до помрднување и подобри состојби од она што го имаме“, истакна Марија Митева, портпарол на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија 24 во емисијата „Анализа“. Во однос на решавањето на спорот со Бугарија, Митева нагласи дека потребен е дијалог…
Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбите со граѓани во струмичкиот регион. “Само ние сме организирана структура, која што сега треба да ги научи грешките од лани, за да излезе на терен и да покаже сила, и енергија, и волја, дека сме ние тука и сме подготвени да се бориме” рече Венко Филипче. На средбите со граѓаните Ново Село, Василево и Босилово, Филипче посочи дека во ниту еден сектор нема никакви резултати, што е показател за погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ. “Една работа да…
Над 800 учесници од државата, но и од другите земји од регионот и од Европа ќе присуствуваат на Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, во Музејот на современа уметност, а на кој главни теми ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но ќе се говори и за вештачката интелигенција. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во гостување на Македонско радио, истакна дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и членови на владите, сега и граѓаните, бизнис секторот, универзитетите, ќе може да присуствуваат и да ги…
Вчера во 10:30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Галате го привеле Ф.Т.(56) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418-а став 3 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
Вчера во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Вчера околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.М.С.(39) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда. Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од осум дена.
