- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Кузеска посочи дека три месеци по ред се намалува реалната нето-плата, а два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата. „Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари. Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци. Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа а расте сиромаштијата. Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно. Граѓаните со својата…
Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Република Македонија за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко на 138. седница на ДИК. Кондарко соопшти дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. – Во посебниот извод на Избирачкиот список, за лицата кои согласно…
Завчера на патот Охрид-Ресен, кај место викано „Рибник”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.В.(20) од Битола. При контрола со радар во сообраќајот, полициските службеници констатирале дека тој управувал возило „фолксваген“со битолски регистарски ознаки со брзина од 148 километри на час на место што брзината со сообраќаен знак е ограничена на 70 километри на час. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ,,безобѕирно управување со моторно возило“.
Одделот за внатрешна контрола при МВР изврши проверки за постапувањето на полициските службеници од СВР Велес Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните…
Замислете мрежа од милиони светилки што се палат и гасат секоја секунда. Таа мрежа е европскиот електричен систем. Во ерата на чистата енергија фокусот е на Сонцето и ветерот, чие производство на електрична енергија е непостојано. Доволен е еден облак да се изгаси цела соларна фарма, а во деновите без ветар замолчуваат и стотици турбини. За да остане мрежата жива, Европа мора да најде нови начини да ја „чува“ енергијата, затоа што само производ кој е достапен во секој момент по прифатлива цена значи стабилност во системот. Односно, не е доволно да имате доволно енергија за потрошувачите. Таа енергија треба…
Вчера во 20:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во атарот на охридското село Опеница, В.И.(72) и Д.М., двајцата од Охрид, биле нападнати од куче домашен миленик, при што В.И. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина…
Вчера во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Во четврток вечерта, вознемирените граѓани на Пореч се јавиле во полиција и пријавиле дека непознат маж запира возила на улицата и им се заканува со огнено оружје. Полициските службеници излегоа на местото на настанот во 21:15 часот и пронајдоа и уапсија 40-годишен маж на улицата Рајка Стипе во Пореч и му запленија ерсофт оружје од категорија Д. Полициските службеници спроведуваат кривична истрага за човекот и ги утврдуваат околностите на инцидентот. Порталот Istarski.hr објави и снимка од инцидентот, на која се гледа маж со пиштол како запира возило, а возачот, исплашен од глетката на вооружениот маж, забрзува и го турка напаѓачот…
14-годишна тинејџерка во Мексико почина по нелегална операција за зголемување на градите. Карлос Арелано, таткото на 14-годишната Палома Никол Арелано Ескобедо, бара истрага за околностите на смртта на неговата ќерка. Тинејџерката почина во болница во Дуранго, Мексико, наводно од компликации поради респираторна болест. Сепак, таткото тврди дека вистинската причина била операција за зголемување на градите за која не бил свесен и дека била извршена без негова согласност. Тој ја дознал шокантната вистина дури на погребот на неговата ќерка, каде што ги забележал имплантите и лузните. Тој рече дека смртоносната потврда е издадена сомнително брзо и дека причината за смртта е…
