- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамки на европското семејство зашто сме виделе во минатото многу пати – кога се сакало се се можело, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека за него постојат само македонски црвени линии, како и дека за…
Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 и 5 и „изнуда“ во обид по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Имено, тој креирал лажен профил на социјална мрежа и на 02.09.2025 на платформа за интернет комуникација испратил порака на профил кој го користи градоначалникот на општина Неготино, со закани кон него и неговото семејство, а во која, исто така, се обидел и да му изнуди пари.Потоа, на…
Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, С.Б.А.(50) од Скопје пријави дека истиот ден во спортска сала во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од двајца соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25/26.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.П.(31), К.Ж.(29), И.А.(36), Ф.А.(29), Б.П.М.(36), В.Ј.(44) , 24-годишната Д.Џ.С. и Д.А.(32), сите од Скопје и И.Е.(19) од с.Идризово, скопско, затоа што кај нив сe пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска околу 02:00 часот на ул. „Сливовска“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода М.Н. (24) од Скопје, затоа што физички и со метален предмет нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. По документирање на случајот, против М.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска околу 11:40 часот на бул. „Илинден“ во Тетово од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потрага и од СВР Тетово, од слобода е лишена Н.Х. (39) од Тетово, која била барана со потерница поради бегство од КПД Идризово. Таа е осудена на казна затвор во времетраење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по чл.418 од КЗ, а за доиздржување има уште една година и шест месеци. Н.Х. е предадена на КПД Идризово.
Вчера во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица. При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен при кражба од возило, пријавена на 24.09.2025. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. -Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ги надминува оние 5 000 што ги зборувавме за време на кампањата, истакна премиерот, одговорајќи на новинарски прашања. Мицкоски во посета на Клиниката беше заедно со министерот за здравство Азир Алиу и директорот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Соединетите Американски Држави, што се одржа во Њујорк. Сиљановска-Давкова порача дека посакува и во следните 30 години да го продолжиме стратешкото партнерство со САД, бидејќи живееме во турбулентни времиња во коишто е неопходна меѓусебна поддршка на глобален план. Обраќајќи им се на претставниците од македонската дијаспора, таа оддаде почит за нивните успеси и им посака да останат сплотени и обединети. Претседателката изрази уверување дека заедно можеме да работиме на подобрување на животот во татковината. „Должни сме кон вас. Јас ветувам дека ќе сторам сѐ да ги интензивираме контактите…
Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет, а листите за советници им се полни со насилници, рече на прес-конференцијата Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Откако, како што рече, вчера македонската јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, од партијата нема осуда, ниту оградување. „Каков пример даваат на младите Христијан Ефтимов и Илија Стојанов, кои крвнички тепаат странски државјани во Струмица? Зарем така треба да се однесуваме со туристите во државава? Исто така, дали судството ги штити овие две лица бидејќи се уште нема постапено? За жал, тие двајца не…
