- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Православните верници денеска го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога. Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија…
Пожарникарите со навремена интервенција не дозволија да се прошири големиот пожар што синоќа изби во центарот на Неготино, изјави утрово за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Станува збор за пожар што зафати продажен простор што деновиве требаше да почне со работа, а за време на пожарот биле евакуирани и околните жители. – Причините дополнително ќе се истражуваат. Полиција утрово го обезбедува местото, додаде Стојанов.
Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, со кој разговараа за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот, информираат од Министерството за транспорт. Исто така, на средбата била отворена темата и за проектот за брза пруга на Коридот 10, придобивките од реализација на овој регионален проект и подготовеноста на Австрија да се вклучи во него. Двајцата говорници разговарале и за унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот и сектори од заеднички интерес на двете…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком. На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Присутните се запознаа со начинот на функционирање на паметниот систем, кој овозможува во реално време да се следи потрошувачката на електрична енергија, да се идентификуваат непотребните загуби и да се…
Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.
Вчера околу 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Илинден, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(76) и И.А.(73), двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот во два дела,“ изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговиот став во однос на Резолуцијата и на решението да се донесат уставни измени до февруари поднесена од страна на претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче. „Првиот дел е дека, за жал и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на претходните раководства на СДСМ да ги руши позициите на македонската Влада и на државата, да ги распродава идентитетските и…
Во СВР Куманово вчера околу 19:50 часот е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, Н.Ј.(27) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Вчера во 07:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од бул.„1 Мај“, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Јане Сандански“ во Битола, патничко возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(31) од Битола, удрило во пешакот М.К.(85) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничката болница Битола, известија од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
