- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
- Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована
- Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
Author: Author 04
Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на 16 март. Во дворот на Полициската станица во Пробиштип во присуство на семејството на загинатиот полицаец Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев началници од СВР-Штип беше откриен спомен бистата на полицаецото Тоше Тодоровски кој на 16 март беше на службена должност и загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека споменот ќе остане за полицаецот Тоше…
Вчера околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Како што соопшти МВР, претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. -Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис, стои во соопштението на МВР. Оттаму додаваат дека лицето е…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт со поддршка на Олоф Палме, меѓународниот центар „Олоф Палме“, упати критика кон власта за тоа што го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите. „Пред три дена го одбија еден од најпатриотските документи кој што бил виден на нашата политичка сцена, а тоа е предлог резолуцијата за национален консензус, заеднички црвени линии и временска рамка за почеток на отворањето на поглавјата и продолжувањето на преговорите со Европска Унија,“ нагласи Филипче.…
Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации, со цел да им овозможи на граѓаните лесно и бесплатно да се ослободат од овој вид отпад, а воедно да се спречи создавање мини депонии. Наменските садови со капацитет од по пет кубни метри се распоредени на три клучни места:– улица „Загребска“ кај КТК– улица „Борка Талевски“ кај „Вучко“– улица „Антонио Грубишиќ“ кај кружниот тек во Дебар Маало Дополнително, девет помали контејнери за кабаст отпад се поставени на:– улица „Киро Крстевски Платник“– улица „Мирче Ацев“ (Пролет)– улица „Кочо Рацин“ (Зелен пазар)– улица „Васил Ѓоргов“ во Капиштец „Се соочуваме со вонредна…
Аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и членовите на нивните потесни семејства не престанува, напротив од ден на ден е се поизразена, изјави за медиумите, Весна Ристовска, од СДСМ Пробиштип. Синот на Тони Тоневски, е фатен како управува моторно возило марка ауди со 185км/ч, на место каде дозволена е брзина од 110км/ч, посочи Ристовска. Ристовка нагласи дека сме сведоци на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад. „Тони Тоневски е претседател на локалниот огранок на ДПМНЕ и актуелен кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ДПМНЕ, а оваа функција ја има извршувано во два последователни мандати, од 2009…
Трагедијата со убиството на младата Росица во Велес ја потресе целата јавност, но и ја покажа целата неспособност и нефункционалност на институциите раководени од ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција Даниела Колева – претседателка на Форум на жени на СДСМ. По бурните реакции во јавноста и барањето одговорност за институционалните пропусти, МВР соопшти дека 11 полициски службеници од СВР Велес добиле дисциплински пријави, истакна Колева. „Не може вината да се сведува само на 11 полицајци. На толку многу пропусти, каде се началниците и командирите, каде се функционерите? Зошто тие се заштитени? Каде е нивната одговорност? Сите што направиле пропусти во случајот на Росица,…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, се осврна и на драматичната состојба со надворешната политика и меѓународниот углед на државата, оценувајќи дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл. „Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН, претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано.“ Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Северна Македонија од земја што…
Во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на работниот ручек на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), одржан во рамки на српското претседавање со овој регионален форум. Фокусот на дискусиите беше ставен на стратешката важност на процесот на проширување на Европската Унија, во контекст на актуелните геополитички предизвици и последиците од руската агресија врз Украина. Министерот Муцунски истакна дека ЦЕИ претставува значајна платформа за дијалог, солидарност и партнерство – вредности што се најголема сила на регионот во време на глобални промени. Тој…
Дојдоа избори и на Ахмети постојано му текнува на крв и квази патриотизам онаков од најдолeн Милошевички вид, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Како павлов рефлекс пред секои избори Ахмети си бара актуелност и ги потценува Албанците кои заради тајкуните и шеиците кои Ахмети ги создаде на грбот на чесните Албанци, се живее тешко и се повеќе Албанци се иселуваат од земјава. Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една “немирна закачица” и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката. И ова што го правиш не е убаво. Да…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се обрати на конференцијата организирана од Институтот Прогрес, каде што упати сериозна критика до актуелната влада и ја опиша моменталната состојба како опасна по економската и институционалната стабилност на државата. Во своето излагање, Филипче рече: „Изминатата година и пол држава ја води тотално неспособна и недемократска власт, која што можам слободно да кажам, дека државата ја води кон државен и економски крах.“ – рече Филипче. Тој предупреди на целосен застој во развојот на земјата, постојани скандали и растечки долгови. „Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување, никаков прогрес, никаков развој на земјата во…
