Author: Author 04

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 08:00 часот се наврнати во Тетово – 19 литри на метар квадратен, потоа во Претор 11 и Куманово 10, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа следи Пожаране со 9 литри на метар квадратен, 8 во Попова Шапка, по 6 во Крушево и Маврови Анови, 5 во Битола, по 4 во Крива Паланка и Лазарополе, по 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Охрид, 2 во Прилеп и еден литар на метар квадратен во Тополчани. Во текот на денот не очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра. На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17…

Повеќе

Дијаспората мора да биде рамноправен партнер во градењето на Македонија како пристојно место за живот каде младите ќе остануваат и каде вие, иселениците, ќе ја остварите вашата потрага по среќа, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на гала-вечерата организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора – ОМД во Детроит, во рамки на работната посета на САД. -Трагајќи по среќата, некои од вас или од вашите родители, баби и дедовци, се населиле во САД и Канада. Каде и да сте, вие, иселениците, со многу труд, посветеност и жртва, создавате вредности и стекнувате почит во новите средини. Ве има во речиси секој…

Повеќе

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека ќе се стави крај на сите неправилности во работењето во општина Струмица, посочувајќи дека токму победата во Струмица ќе биде круната на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „На овие локални избори ќе имаме многу победи, енергијата е таква, анкетите се такви, веројатно ќе нема место каде што нема да победиме. Победата во Карпош и победата во Струмица ќе бидат круната на овие локални избори. Во Карпош затоа што мора да покажеме…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците испраќа наjсрдечни честитки до сите наши сограѓани, припадници на бошњачката заедница. -Овој значаен празник претставува симбол на стремежот за афирмација на идентитетот, традицијата и вредносниот систем на Бошњаците, како интегрален дел од културно-политичкиот простор на Балканот. Несомнено, празнувањето на овој датум е потсетник дека животот на секоја заедница добива полна смисла само тогаш кога е признаен, почитуван и валоризиран во општеството, се вели во честитката од Сиљановска-Давкова. Во една современа и демократска држава каква што се стреми да биде нашата Република, местото на секоја етничка заедница не е…

Повеќе

Со ѕвонење на камбаната, утрово во 8:30 часот почна церемонијата на осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Пред голем број граѓани, верници, високи владини функционери, пратеници, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор кои присуствуваат на свечениот чин, најпрво беше изведена “достојно ест” од страна на свештениците, по што почна церемонијата. Осветувањето го врши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА. Верниците пред осум часот утрово беа собрани пред и во храмот. Осветувањето го следат и голем број верници надвор од црквата каде е поставен голем видео…

Повеќе

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Државната изборна комисија на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список на кој се запишани вкупно 1.832.415 избирачи. Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше…

Повеќе

По 13 години од почетокот на изградбата, денеска ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот. Од МПЦ-ОА ги повикаа верниците на литургиско учество во овој свечен настан. Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.

Повеќе

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи. Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во…

Повеќе

Доаѓа денот. Утре се осветува уште еден храм. А “сè што е големо се раѓа во тишина и расте преку страдања”, напиша на Фејсбук премиерот, Христијан Мицкоски. „Св. Елена и Константин” ново светилиште, нова сила, ново заедништво, стои во објавата на Мицкоски.

Повеќе