- Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
- Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
- Студентите бараат 200 денари за оброк
- Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
- Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
- Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
- Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
- Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
Author: Author 04
Центарот за социјални работи во Тетово алармираше за несекојдневен случај на можно фалсификување исправи, откако жена која според официјалните евиденции е почината пред две децении, се појавила во институцијата со новороденче. Случајот започнал кога Управата за водење матични книги известила дека на 8 декември 2025 година во Тетовската клиничка болница е родено женско дете од мајка А.С. (27). Меѓутоа, при проверката во службените регистри, вработените останале затечени – мајката со тие податоци се водела како почината уште на 21 октомври 2006 година. Откако биле испратени официјални покани, вчера лицето А.С. лично се појавило во Центарот заедно со бебето и уште…
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли, 39 парчиња муниција и рамка за пиштол.
Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(46) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера лишени од слобода 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило, под дејство на алкохол и со поголема брзина од дозволената Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила. По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила иако имале мерка…
СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак“ во Штип, откако се сретнала со женско лице – вработено во МВР со договор за вработување како полицаец – приправник во Одделение за полиција при СВР Штип, насилно ја внела во возило „бмв“ со кое пријавената Ј.Н. дошла на…
Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“ СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера…
ОВР – Кочани поднесе кривична пријава против С.З., 40-годишен кочанчанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Пријавениот противправно присвоил платежна картичка во сопственост на лице од Кочани и во периодот од јули 2025 до ноември 2025 во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем и се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари, соопштија од МВР.
Вчера во 16:49 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во с.Горно Количани, скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека, информираат од МВР. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Со ова се става безбедноста на прво место за сите учесници во сообраќајот, вклучително возачи, пешаци и велосипедисти. Улицата „Лазар Трповски“, која…
