Author: Author 04

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ќ.(60) и 45-годишната Е.А., од една страна и 41-годишната С.Д. и Т.Д.(20) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, во 21:00 часот во СВР Скопје, Е.А.(45) пријавила дека околу 13:30 часот Т.Д. и упатувал закани на неа и И.Ќ.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат село Кривогаштани-Крушеани, патничко возило „дфск“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Трновци, општина Могила, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп, известија од полицијата за овој случај.  Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Повеќе

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на состанок на Работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 година истакна дека изградбата на „сигурно, безбедно и отпорно општество во време на глобални предизвици е од приоритетно значење за нас.“ Како што информира Министерството за одбрана, Мисајловски се осврна на развојот на одбранбениот систем и инвестирањето во одбраната кое овозможува интензивно опремување и модернизација на македонската Армија. -На последниот самит на НАТО, ние – сите 32 земји членки, едногласно ја донесовме одлуката која ќе значи посилна одбрана. Во следниве 10 години, односно до 2035 година, инвестициите во одбраната да го достигнат…

Повеќе

Вчера во 21:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Л.(26) од Битола, удрило во 21-годишната П.Т.М. од Гевгелија, со престој во Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Т.М., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, таа претходно на социјална мрежа стапила во контакт со едно женско лице, која изнајмувала стан. Како што е пријавено, на 28.09.2025 парите за депозит ги оставила во сандаче од станбена зграда на подрачјето на Чаир, каде што претходно лицето ѝ посочило. Според пријавеното, исто така, подоцна кога се обидела да стапи во контакт со лицето, но не успеала, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Секоја продавница што ќе се отвори во чаршија ќе биде субвенционирана од Општината. Секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија од Општината, најави меѓу другото, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, на денешното претставување на неговата програма за претстојните локални избори. – Прашањето на Чаршијата е многу важно. Јас сум рекол дека Чаир нема море, но, ја има Чаршијата. Што би посакал секој град да го има? На Чаршијата не ѝ треба многу. На Скопската чаршија ѝ треба само да ѝ се врати оригиналниот изглед на минатото. Луѓето во чаршија доаѓаат поради историскиот аспект. И ова…

Повеќе

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Судството под команда на СДС и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор. За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за Центар. Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години со доверба од граѓаните се создаде нова приказна во Центар. Со многу работа, со многу љубов, знаење и верба, се развиваше Центар што го сакаме. „Со Вас граѓаните испишавме одлична Програма и конкретни планови. За сите маала,…

Повеќе

Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас. Ова е вистинското лице на СДС, насилство, тепање и силеџиство. Со години ја цедеа и уништуваа Струмица и сакаат да продолжат да владеат со неа преку ширење на страв, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо чесни луѓе, додава тој, тие ставаат на листи осомничени, локални шерифи и силеџии. „Тоа е нивниот бренд. Тоа е нивната политика. Да им биде јасно на СДС, Струмица не е нивна приватна сопственост. Струмичани се уморни од локални шерифи и прочитани лица. Струмичани…

Повеќе

Вчера во 19:10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.А.(20) и 17-годишник, двајцата од Гостивар, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот и помошни простории кај малолетникот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнувааат од кривично дело. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Повеќе