Author: Author 04

Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, се вели во соопштението од ГРОМ од актуелниот и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа, вели Јакимовски. „Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира…

Повеќе

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во име на Собранието и во свое лично име, упатува најискрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. -Овој датум претставува одлична можност повторно да се истакне значењето на почитувањето на етничката различност и нашата заедничка заложба за еднакво, инклузивно и демократско општество, во кое сите заедници уживаат полни права и слободно придонесуваат во институционалниот, општествениот и културниот живот на државата, се вели во честитката од Гаши. Бошњачката заедница претставува важен и незаменлив дел од мултиетничкиот и мултикултурниот мозаик на нашата држава. -Затоа, на овој значаен ден, изразуваме…

Повеќе

Вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.З.(27) и М.П.(25) двајцата од Скопје. При претрес во домот на А.З., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и М.П., биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Повеќе

Вчера во 09:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода А.П.(23) од Италија. При граничниа контрола, односно преглед во возилото „фиат типо“ со италијалнски национални ознаки, во кое се превезувала како сопатничка, под нејзиното седиште и во нејзиниот личен багаж пронајдени и одземени се марихуана и кафена материја. Исто така, на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода и Н.П.(31) од Сопјузна Република Германија. При гранична контрола, односно преглед во возилото „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се марихуана и…

Повеќе

Вчера во 19:00 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(40) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,06 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. „Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба наинспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност“, соопштија од АХВ.

Повеќе

Ужасни сцени во саботата навечер се случија во шаторот на циркусот „Пол Буш“ во Базен кога, за време на претстава, акробат падна од трапезот. Младата жена почина во арената пред повеќе од 80 гледачи. Сè уште не е јасно како се случила трагедијата. Според информациите од весникот „Билд“, уметницата паднала од висина од околу пет метри за време на попладневна претстава околу 17:45 часот. Пред повеќе од 80 посетители, вклучувајќи семејства со деца, таа се струполила во арената. Починала пред публиката. Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале во шаторот, додека преплашените гости се исплашиле и истрчале надвор. Полицијата сега истражува…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори за кои кампањата стартува утре (29.09.2025) предложи личности со дела зад себе. Предложи личности кои и покрај предизвиците, поточно проблемите со кои се соочуваа три, од четири, години кога СДС беше централна власт направија многу, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори предложи личности кои се подготвени да бидат партнери со граѓаните, да бидат нивни соседи, пријатели кои им помагаат.Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се личности со визија, личности кои го сменија ликот на општините реконструираа, градеа, прошируваа градинки, училишта.За старо – новите градоначалници, еве за сработеното низ бројки. Градоначалниците изградија и реконструираа улици, булевари, патишта…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 50-годишник во селото Страчинци, полицијата пронашла 3 откорнати растенија и 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња канабис, како и 41,4 грама марихуана. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената гала вечер којашто по повод 20. годишнината од основањето на Обединетата македонска дијаспора и доделувањето на наградите „40 под 40“ се одржа во Детроит, Мичиген. Во рамки на свеченоста, што се одржа под мотото „Наследство на единството: 20 години Обединета Македонска дијаспора“, ОМД ѝ ја додели на претседателката Сиљановска-Давкова наградата „Глобален државник“. Сиљановска-Давкова ѝ ја врачи наградата „Ќерка на Македонија“ на Мариен Илич, признание што го доделува ОМД. Специјални признанија им беа доделени на Џери Наумоф – наградата „Македонско наследство во јавната служба“, како и на организацијата „Светска медицинска помош“ – наградата „Пријател на Македонија“. Четириесет млади припадници на македонската дијаспора ширум светот, успешни и влијателни во своите професии…

Повеќе