Author: Author 04

Руско-американскиот кардиолог и хирург за трансплантација на срце, д-р Дмитриј Јаранов го објасни клучниот тест на крвта што луѓето треба да го направат за да ja проценат опасноста од срцев удар. Притоа, тој на својата Инстаграм-страница истакна дека еден крвен тест може да предвиди дали некое лице е изложено на зголемен ризик, дури и ако нивото на холестерол е во нормални граници. Имено, според наводите, нивото холестерол може да биде „нормално“, додека истовремено воспаленијата во телото може да бидат опасно високи. – Ова е крвен тест кој предвидува срцев удар. Не е за холестерол. ЦРП т.е. Ц-реактивен протеин е маркер…

Повеќе

Под влијание на влажен и постуден бран, од утре попладне до петок, нашата земја ќе биде зафатена од обилни врнежи од дожд и значителен пад на температурите. На повеќе места се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а локално и над 50 литри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток, поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се…

Повеќе

Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). – Според последниот попис сме нешто над 1,8 милиони жители. Имаме над 700.000 редовно вработени…

Повеќе

Вчера во 15:18 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Т.(42) од Прилеп. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал товарно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Повеќе

Гледавме како во овие четири години ветуваа многу, а направија малку. Гледавме како улиците остануваат недовршени, младите заминуваат, а Берово тоне, но најважно, изгубена е довербата, посочи кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово Петар Ружински во фејсбук објава. Сега јас ви го давам зборот, да почнеме одново со чесна работа, со посветеност и со вистинска грижа за секое семејството во Берово, за секој човек, човечки, напиша Ружински. „Јас сум Петар Ружински, прочитајте ја мојата програма и направете го вистинскиот избор. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, потенцираше Ружински.

Повеќе

Успесите на нашите најмлади секогаш стимулираат силни емоции и ја поттикнуваатвербата дека имаме сигурни раце на кои можеме да ја оставиме Македонија и даверуваме во подобра иднина. Затоа ја зголемивме поддршката кон талентираните, дачувствуваат доволна грижа од државата, да останат тука и да придонесат кон нејзиниотразвој.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска наконференција организирана од Институтот за хемија при Природно – математичкиотфакултет во Скопје, на која беа претставени успесите на македонските ученици инивните ментори постигнати на меѓународните научни олимпијади по хемија во оваакалендарска година.„Ги следам учествата на сите наши млади на меѓународните натпреварувања и воденаод…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи денеска на прес-конференција го промовираше механизмот „Граѓанско око“, чија цел е, како што рече, искоренување на корупцијата во општината. „Граѓанско око“, објасни Османи, е сет од регулативи и четири реформи кои опфаќаат: јавно отворање на тендерите, независен мониторинг, јавна каса (можност со еден клик граѓаните да ги следат приходите и трошоците на Општината) и автоматска контрола со примена на вештака интелигенција – дали нешто се спроведува незаконски. Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата, најави Османи, порачувајќи дека нема да дозволи да се злоупотреби ниту еден денар…

Повеќе

Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемилиогот, Светлана Живкова за МИА изјави дека до денеска имаат регистрирано вкупно 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за уште двајца ученици и вработени во штипското училиште. -До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова. Таа додава дека…

Повеќе

Вчера во 20:55 часот во с. Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага и ПО Кривогаштани го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет години по чл.418 ст.2 од КЗ. Тој е предаден на Затвор Струмица.

Повеќе

Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака, време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство. „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,“ изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските проблеми на граѓаните. Таа потенцираше дека промената започнува со човек кој не е зад канцелариска маса, туку меѓу луѓето. „Тој не е човек од канцеларија, тој е човек на народот. Чесен, вреден, посветен. Со него на чело, Куманово ќе оди напред,…

Повеќе