Author: Author 04

Вчера во 21:30 часот во Полициската станица Центар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето им се јавило, се претставило како полициски инспектор и ги известило дека нивната внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила малолетник кој починал и доколку не сака таа кривично да одговара ќе треба да ги дадат парите. Како што е пријавено, ги однеле парите на договореното место, а откако се вратиле со домот телефонски стапиле во контакт со нивната внука и сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за…

Повеќе

Денеска во 00:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Ш.Б.(52) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, на совозачкото седиште е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува пријава по член 144 од Кривичниот законик.

Повеќе

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа настан по повод промовирање на петгодишната програма 2026–2030 на УНФПА за државата насловен- Демографски трендови – заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Настанот го отвори Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој истакна дека програмата не е само документ или формалност, туку е план за дејствување – визија и стратегија која ќе се реализира со конкретни активности, насочени кон иднината на нашата држава и нашите граѓани. „Кога зборуваме за ресурси, често споменуваме рудни богатства, финансии, инфраструктура,…

Повеќе

Вчера во 20:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „15 Корпус“ во Охрид, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(66) од Охрид, удрило во малолетничка. Таа е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што и се констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на изврши увидна екипа на СВР Охрид. 

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишија од слобода С.Н.(36) од Косово. Имено, по преземени мерки, а по претходна пријава од ЕВН Македонија на 01.07.2025 дека се врши неовластено преземање на електрична енергија, утврдено е дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што  претходно го изнајмил, е сторител на кривичното дело „кражба на електрична енергија“. Со него е извршен службен разговор, при што, исто така, констатирано е дека нема регулиран престој во државата, односно престојот му е изминат на 15.09.2025. ЕВР Карпош против него поднесе кривична пријава по брза постапка…

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден прегазени се тројца пешаци меѓу кои еден малолетник.На 29.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„60“ во с.Волково, скопско, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С.(55) од с.Волково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 29.09.2025 во 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(26) од населба Илинден, скопско, удрил…

Повеќе

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска изјави дека Вардариште ќе добие конечно и трајно решение како дел од планот за Скопје без диви депонии. „Вардариште мора да се затвори како дива депонија и да се уреди како претоварна станица по европски стандарди,“ истакна Шукова. Таа нагласи дека изминатите четири години на оваа локација не биле преземени никакви интервенции, што резултирало со сериозни еколошки и здравствени последици за граѓаните. Во нејзината програма е предвидено Вардариште: да се огради и обезбеди со 24/7 чуварска служба, да се исчисти и уреди, да функционира како регуларна претоварна станица со селекција…

Повеќе

На 28 септември, Полициската управа во Горњи Милановац беше пријавена за општа тепачка во хотелот „Шумадија“ за време на свадбена веселба. Како што неофицијално дознава Блиц, неколку лица биле во алкохолизирана состојба во тој момент, а еден од гостите, видливо пијан, физички ја нападнал невестата. Потоа младоженецот се вмешал и влегол во вербална расправија, а потоа една жена паднала на подот по расправија со младенците. Екипата на брзата помош пристигнала на местото на настанот многу брзо, но потоа настанал вистински хаос. Сопругот на жената која лежела на подот ги турнал докторот и медицинската сестра, и избувнала општа тепачка. Сите врескале,…

Повеќе

Вчера околу 10:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.К.(52) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и преглед во возилото „мерцедес“ со германска национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се марихуана, кафеава растителна материја и други предмети. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

„Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар и воедно актуелен татко на општината Горан Герасимовски пред основното општинско училиште „Коле Неделковски“. Герасимовски, информираше дека проектот „Ја сакаме Македонија“ има за цел децата од најмала возраст да ги видат и запознаат убавините на татковината, да ја почувствуваат топлината на македонските градови и села,…

Повеќе