Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот за правда со поинаква честитка за 8 Март – го сподели говорот на претседателката Сиљановска-Давкова

    08.03.2026 во 18:01

    Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос

    08.03.2026 во 15:53

    Жена почина во возило на Брза помош додека ја пренесувале во болница

    08.03.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот за правда со поинаква честитка за 8 Март – го сподели говорот на претседателката Сиљановска-Давкова
    • Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос
    • Жена почина во возило на Брза помош додека ја пренесувале во болница
    • Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
    • Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство
    • Панче Тошковски: Честит 8 Март – денот на жената
    • Швајцарците денеска гласаат на референдум за четири клучни прашања
    • Пешевска со порака за 8 март: Создаваме општество во кое секоја жена ќе живее без страв
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонска делегација на „Февруарските состаноци“ во Брисел: НАТО останува камен-темелник на колективната одбрана

    Македонска делегација на „Февруарските состаноци“ во Брисел: НАТО останува камен-темелник на колективната одбрана

    17.02.2026 во 12:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На традиционалните „Февруарски состаноци”, на кои седници одржуваат повеќе комитети на ПС на НАТО, во Брисел, Кралството Белгија, учествува Делегацијата од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО.

    Состаноците се предвидени за учество само за постојаните делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, со главна цел за продлабочување на дијалогот во НАТО институциите, размена на искуства и анализирање на актуелните безбедносни предизвици и јакнење на солидарната сојузничка одбрана.

    Од Собранието на Република Северна Македонија учествува Делегацијата во ПС на НАТО, во состав од пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата, членката Славјанка Петровска и заменик-членот Илир Хасани.

    На состанокот со Северноатлантскиот совет, со кој заеднички претседаваа претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело и заменик-генералната секретарка
    на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваа шефовите на националните парламентарни
    делегации.

    Во обраќањата и дискусиите беше истакнато дека НАТО, соочен со безбедносни предизвици, останува камен-темелник и гарант на колективната одбрана и заедничките демократски вредности, а посветеноста на земјите членки содржана во Договорот од Вашингтон и понатаму ќе ги чува граѓаните безбедни. Обврските од Самитот на НАТО во Хаг се историски во контекст на јакнењето на Алијансата, а сега, во предвечерјето на Самитот на НАТО во Анкара, тие треба да се финализираат со највисока стапка на реализација. Беше подвлечено дека и покрај разликите низ децениите, Европа и Северна Америка успеваат да најдат заеднички јазик за отворените прашања. Парламентарците се согласија да продолжат со поддршката за Украина и да работат заедно на мировен договор со цврсти гаранции и спречување на идни деструктивни дејствија.

    За време на состаноците во комитетите, беа дискутирани прашања поврзани со: одбраната и безбедноста на секој метар од евроатлантскиот простор; за руските и кинеските предизвици по евроатлантската безбедност; за хибридните закани и НАТО во контекст на стратешко планирање; за НАТО партнерствата како витален и важен дел од политиката на Алијансата; за визиите кон НАТО 2035, како и за напорите на ЕУ и НАТО во развој на одбранбената индустрија и безбедносните капацитети и улогата на парламентот во процесите на одлучување. Се разговараше и за состојбата со безбедносните ризици во Европа, стратешките приоритети на Алијансата и важноста на колективната одбрана во контекст на новите глобални предизвици.

    Парламентарците имаа можност да се вклучат во директна дебата со повеќе истакнати и
    реномирани говорници, а им се обратија и белгискиот министер за одбрана и надоврешна
    трговија, Тео Франкен, заменик-генералниот секретар на НАТО, Џејмс Апатураи и заменик-
    шефот на НАТО претставништвото во Украина, Петер Хауге Берг.

    Учеството на Делегацијата на овој настан претставуваше значајна активност во зајакнувањето на парламентарната дипломатија и поддршката за реформските чекори во глобалните динамични процеси, кои се од суштинско значење за нашата земја како членка на НАТО.  

    Популарно

    Дневен хороскоп: Еден знак ќе доживее голема промена

    07.03.2026 во 11:53

    Базен, спортски сали и нови амфитеатри: Скопје добива модерен академски комплекс на 31.000 м²

    07.03.2026 во 14:15

    Ќе нема струја до 16 часот – Исклучувања во две скопски населби

    06.03.2026 во 08:00

    Шукова најави протестен марш: Бара оставка од министерот Тошковски

    07.03.2026 во 11:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.