Close Menu
Press24
    Најново

    Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава

    08.07.2026 во 13:48

    Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода

    08.07.2026 во 13:40

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Свечено отворена обновената сала во Градски парк, по пет децении Работнички доби нов дом

    Герасимовски: Свечено отворена обновената сала во Градски парк, по пет децении Работнички доби нов дом

    24.02.2026 во 15:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата.

    Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма.

    На отворањето, покрај бројните гости и советниците на Општина Центар, присуствуваа и ветераните на КК  „Работнички“, Огнен Герасимовски, Драган Радосављевиќ, Рики Ѓорчевски, Стерули Андоновски, Томе Димишковски, Миро Крстевски, Тихо Матевски, и Перо Антиќ, на кои им беше доделено признанието „Феникс“,  симболот на Општина Центар, птицата што се раѓа од пепел, како знак на обнова, истрајност и нов почеток.

    „Се што правам како градоначалник, го работам со најдобра верба и мисла за нашите центарци. Со упорност, со скромност, со многу енергија и љубов, создадовме уште една победа, која им припаѓа на сите во Центар, без исклучок и поделби. И оваа сала е резултат на нашиот пристап, дека заедно можеме да направиме се. Без политика, без делби, напротив, обединети и сложни во успесите и резултатите“, рече Герасимовски.

    Обраќајќи им се на младите центарци кои ги исполнија трибините, Герасимовски порача дека салата е наменета токму за нив, за генерациите што допрва ќе создаваат нови спортски успеси и ќе го носат духот на „Работнички“.

    ,,Драги ученици, новата сала е секогаш отворена за вас. За спорт, за натпревар, за другарување, за споделување на вистински вредности во животот. Од срце ве поканувам да ја користите, да бидете присутни, да бидете здрави и конкурентни, да создавате резултати, да се радувате на своите и заедничките успеси! Во оваа сала ќе ги гледаме нашите нови шампиони, ќе ја пишуваме новата историја”, порача Герасимовски.

    Салата е реконструирана според стандардите на ФИБА, со целосно обновен паркет, нова фасада, современо ЛЕД-осветлување, енергетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација, нови соблекувални, санитарни јазли и нови столчиња на трибините.

    Со обновата на објектот во Градски парк, најтрофејниот клуб доби дом достоен за своето име и традиција,  место каде што ќе се редат нови победи и ќе се гради иднината на спортот во Центар.

    Прочитај повеќе

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03

    Ѓорѓиевски: Водно станува побезбедно и поуредно место

    08.07.2026 во 09:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.