Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Македонија прави системски чекори за употреба на ВИ во јавната администрација

    Андоновски: Македонија прави системски чекори за употреба на ВИ во јавната администрација

    16.02.2026 во 13:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, во Собранието на Република Македонија, се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски

    Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за понатамошни институционални унапредувања. Во извештајот се констатира дека во анализираниот период јавниот сектор немал воспоставена целосна стратешка, законска и инфраструктурна рамка за системска примена на ВИ.

    „Овие наоди се сериозни и ги третираме како основа за институционално подобрување. Но важно е да се нагласи дека од периодот опфатен со ревизијата до денес се преземени конкретни чекори“, истакна Андоновски.

    Министерот нагласи: „Во доменот на вештачката интелигенција, стратегиите и законите се неопходна рамка – но тие сами по себе не создаваат капацитет. Технологијата се развива побрзо од секој нормативен документ. Ако останеме само на стратегии, ќе заостанеме. Затоа паралелно работиме на конкретна имплементација.“

    Во продолжение, министерот ги презентираше активностите што веќе се спроведуваат за воспоставување системска рамка за вештачка интелигенција во јавниот сектор:

    • Национална ИКТ стратегија 2025–2030 како хоризонтална дигитална рамка, со позиционирање на ВИ како стратешка технолошка оска и предвиден акциски план за ВИ во јавната администрација.
    • Национална стратегија за вештачка интелигенција во подготовка, преку работна група под координација на Министерството, со вклученост на академската заедница, приватниот сектор и Агенцијата за заштита на лични податоци, усогласена со европската регулаторна рамка.
    • data.gov.mk со AI — интеграција на AI асистент за пребарување на природен јазик и генерирање структурирани одговори од објавените сетови, со цел зголемена практична употребливост на отворените податоци.
    • ВЕЗИЛКА — иницијатива за развој на GPU капацитети и основа за развој на модели на македонски јазик, како инфраструктурен предуслов за ВИ, со поврзување со европскиот AI/HPC екосистем.
    • Заштита на лични податоци и етичка рамка — планиран механизам за проценка на ризик (AI impact assessment), етички принципи, транспарентност и засилена институционална координација.

    Осврнувајќи се на суштинското прашање од ревизијата — дали јавниот сектор е подготвен за ВИ — министерот истакна дека во анализираниот период подготвеноста не била целосна, но дека денес системски се воспоставува рамка и се оди кон оперативна примена.

    „Вештачката интелигенција нема да биде административен проект. Ќе биде технолошка трансформација во служба на граѓаните“, порача Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.