Author: Author 04

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар, соопшти МВР. Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар бил информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност. Како што соопштуваат од МВР, на средбата раководството го информирало министерот дека веќе активно се преземаат оперативни активности во насока на обезбедување мирен, безбеден и демократски изборен процес. -Што се однесува до Граничниот премин „Блато“ евидентиран е…

Повеќе

Пред голем испит сме: или ќе го гарантираме меѓународниот поредок врз визионерски принципи или ќе итаме кон катастрофа со несогледливи размери за човештвото, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова обраќајќи се денеска на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. – Пред наши очи започнува нова геополитичка ера. Наместо заедно да одговориме на ургентните предизвици, како што се мирот и безбедноста, климатските промени и уништувањето на животната средина, вештачката интелигенција и растечките нееднаквости, се чини дека одиме кон пост-хобсовска состојба на војна на сите против самите себе. Наместо еден, меѓународен поредок, како да никнуваат паралелни поредоци, секој…

Повеќе

Преку проектот FIC-Fighters, чија реализација започна во Велес, се предлага искористување на околу два тони фосфогипс од депонијата на фосфогипс, настаната со таложење на нус производи од Хемиската индустрија Велес, затворена во 2003 година. Истата е лоцирана на ридот во шумата и е видлива при патување по патот Градско – Велес, на само 12 километри од Велес и е и една од 16-те мапирани еколошки жешки точки во Македонија. Преку овој ЕУ проект, истражувачите на FIC-Fighters од шест земји во Европа меѓу кои од Геолошкиот институт Македонија развиваат методи за валоризација на фосфогипсниот отпад за производство на одржливи суровини за…

Повеќе

Возачот на цистерната  со нафта што се запалила претпладнево откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, се здобил со полесни повреди, а во тек е безбедно отстранување на истеченото гориво, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој претходно информираше дека пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите, а пради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин. -Претпладне камион цистерна кој транспортирал 25 тони нафта излетал надвор од магистралниот пат Гевгелија – Богданци, при што дошло до негово превртување, а при превртувањето дошло до продупчување на самата цистерна во која биле складирани овие 25 тони нафта.…

Повеќе

Во Делчево и поширокиот регион во тек се повеќе значајни проекти за реконструкција и изградба на патна инфраструктура финансирани од Јавното претпријатие за државни патишта. Обиколка на теренот каде се извршуваат проектите денеска изврши директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, заедно со стручен тим и заменик-директорот Александар Шуковски. -Се санираат делови од патиштата Р1302 (кон Пехчево) и Р2341 (кон село Габрово), како и девијацијата кај Црквенска река. За реконструкција на патот Р1302 се издвоени 20 милиони денари за поставување нов асфалт на површина од 10.200 м². За патот Р2341 се инвестираат 22 милиони денари за санација на 12.500 м² коловоз и…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади. Како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова истакна дека ниту една земја, ниту еден регион не може да напредува ако ги занемарува младите. – Затоа Обединетите нации ја усвоија Светската програма за акција за млади. Денес, додека ја одбележуваме оваа годишнина, ги признаваме и успесите и недостатоците. Многу е направено, но, исто така, многу останува да се направи. Обраќајќи се кон младите, претседателката посочи дека во младоста ја привлекувале филозофските…

Повеќе

Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото, истакна Валентин Манасиевски на денешната прес-конференција. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот, рече Манасиевски.„ Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници…

Повеќе

Пејачот Дарко Лазиќ, заедно со неговата сопруга Катарина Лазиќ, доживеале сообраќајна несреќа синоќа, еден час по полноќ, на автопатот во близина на Белградската арена. Парот претходно присуствувал на промоцијата на новата песна на сестрата на Катарина, Тијана Матиќ. Пејачката Андреана Чекиќ, кума на Дарко, исто така била на забавата, а според гласините, расправија избувнала во белградскиот клуб каде што се одржувала промоцијата. Андреана Чекиќ во еден момент се карала со Дарко за микрофонот, а гостин од забавата ѝ пришол и ја замолил да отпее тажна песна, што таа одбила. И фолк пејачот Дарко Лазиќ се вклучил, велејќи дека пригодата е…

Повеќе

Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од Кривичен законик На 25.09.2025 во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава.

Повеќе