- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) откри и следеше два Ту-95 и два Су-35 кои дејствуваа во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ) на 24 септември 2025 година, според соопштението. NORAD додаде дека одговорил со борец Е-3, четири борбени авиони Ф-16 и четири танкери КЦ-135 за позитивно да ги идентификува и пресретне напаѓачите во одбранбената зона на Алјаска. Руските воени авиони останаа во меѓународниот воздушен простор и не влегоа во суверениот воздушен простор на САД или Канада. Оваа руска активност во ADIZ на Алјаска се случува редовно и не се смета за закана. ADIZ започнува таму каде…
Првиот есенски снег падна на Кредарица во Словенија, со дебелина од еден сантиметар, според веб-страницата на Агенцијата за животна средина (Арсо). Според метеоролозите, снегот е резултат на студен фронт и постои можност да падне на највисоките врвови на Словенија во наредните денови, но засега нема да трае. Тие додаваат дека снегот на високите планини не е невообичаен во лето и рана есен. Кредарица и Канин исто така паднаа побелени на почетокот на јули оваа година. Kredarica trenutno ❄️?️ . pic.twitter.com/qBeE8qWcNp— Kristijan Paljar (@KPaljar) September 25, 2025
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека радарот на скопскиот аеродром е ставен во фунција, оти е најден резервен дел и проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Но, вели, притоа било констатирано дека изминатите години тој работел на само еден канал. Дополнително, нагласи Николоски, радарот е стар 27 години и минатата влада не донела одлука да се монтира новиот радар и притоа најави дека на следната седница на Владата ќе биде донесена одлука тој да биде монтиран што е можно поскоро. Во трите дена додека се решавал проблемот со радарот, потенцира николоски, не…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(47) од гостиварско село. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено на 06.08.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му одзел пари.
Пожари во Скопје зафатиле четири возила, продажни објекти, станбена зграда, доцна синоќа и рано изутринава. Од Министерството за внатрешни работи информираа попладнево дека во 23:07 часот синоќа, во Секторот за внатрешни работи – Скопје било пријавено дека на паркинг – простор на булеварот „11 Октомври“, опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од огнот биле зафатени и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект. Денеска во 3:47 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на улицата „Дичо Петров“ во градот, опожарено било патничко возило „ренџ ровер“ со…
Денеска (25.09.2025) во 14:30 часот, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи вонредна прес-конференција за медиуми по повод скандалозното тепање на странски државјани во Струмица од страна на кандидатите за советници од СДС во Струмица при што ќе се обрати Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(35) од Свети Николе од една страна и Н.Ц.(45) и О.Ц.(40), двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 03:00 часот во Казнено- поправната установа Затвор Идризово настанала физичка пресметка помеѓу М.И.(28) и Л.Р.(31), двајцата осуденици во установата. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 10:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“,А.Е.(34) од Неготино бил физички нападнат од С.С.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
