Author: Author 04

Двомесечно бебе почина во Апокоронас, објавија грчките медиуми. Според последните информации, родителите на бебето, фински брачен пар, ја предизвикале смртта на новороденчето со тоа што го давиле бебето додека спиело. Поточно, брачниот пар присуствувал на свадба во саботата навечер и го успале бебето меѓу себе, што резултирало со случајно удирање. Се забележува дека двајцата наводно консумирале алкохол. Обдукцијата утврдила дека смртта на детето настапила од задушување. Родителите биле изведени пред обвинителот и биле пуштени на слобода во недела наутро, додека против нив е покрената кривична постапка.

Повеќе

Денес, на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се одржа првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) – настан кој претставува историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам. Состанокот беше организиран од страна на Република Северна Македонија, која ја презеде едногодишната улога на претседавач со ЈЈИ за периодот 2025–2026 година. Во своето обраќање, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја истакна симболиката на оваа година, кога се одбележуваат пет години од приклучувањето кон ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR),…

Повеќе

Вчера во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски  национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Повеќе

Ноќеска во 01:00 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Р.(18) од Охрид. Тој бил затекнат при обид за одземање на патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, кое било оставено незаклучено на паркинг на истата улица, информираа од полицијата.  По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7 километри. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција. Нема веднаш пријавени повредени или штети.

Повеќе

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 23.09.2025 (вторник) во периодот од 17:30 до 21:00 часот поради одржување на трка која ќе започне од пред Основното училиште „Кочо Рацин“, потоа десно по ул.„Тодор Александров“, десно по ул.„Партенија Зографски“ и десно по ул.„Ацо Караманов“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Повеќе

Министерството за внатрешни работи известува дека е објавен тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. „Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози“. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. „Македонската полиција заслужува да биде модерна и…

Повеќе

Венко Филипче и СДС намерно креваат лажна паника за наводно нарушена безбедност на скопскиот аеродром. Каква врска има партиите со тоа што се расипал радар, што може да се случи на било кој аеродром во светот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи. Впрочем ниту една реномирана авиокомпанија која оперира на скопскиот аеродром се нема пожалено ниту откажано од работење. Што се однесува за партизираноста на МНАВ само да потсетиме дека каубојците од ДУИ се тепаа на работно место, а пајташите…

Повеќе

Индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 на две локации во зоната на Трубарево покажуваат дека концентрациите на PM10 се безбедни и не ја надминуваат законската граница, информираат од МЖСПП. Се препорачува континуиран мониторинг во близина на местото на пожарот, особено при активности за чистење и рехабилитација на локацијата. -Клучни резултати од мерењета се просечни концентрации PM10: 36–44 µg/m³, сите во рамки на дозволената 24-часовна гранична вредност од 50 µg/m³. Материите содржани во честичките (Na, Mg, Al, Si, S, K, Ca, Fe, Cu, Zn, Pb и други) се во рамки на нормалните вредности за урбани средини. Концентрациите на…

Повеќе

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат 75,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 95, 77,5 денари…

Повеќе