Author: Author 04

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. По свечениот пречек со воени почести, предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба. Протоколот продолжува со пленарен состанок на македонската и албанската делегација, по што Сиљановска-Давкова и Бегај ќе одржат заедничка прес-конференција во Кабинетот на претседателката. „Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата ‘Св. Спас’ во Скопје“, информираа од Кабинетот на претседателката. Покрај средбата со својата колешка, Бегај ќе се сретне и со претседателот на Собранието,…

Повеќе

Најниски температури под нулата се измерени ширум земјава ова утро, а најстудено беше во Берово каде се регистрирани -6 степени. Според податоците на УХМР, температури под нулата се измерени и во Крива Паланка (-4), како и во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп и Маврово каде термометарот покажа -3 степени. На планините висината на снежната покривка и понатаму е значителна, па така најмногу снег има на Попова Шапка, вкупно 86 сантиметри. Времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 10 до 16 степени. Во Скопје се очекува…

Повеќе

Вчера во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа К.Н.(33) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија од полицијата во дневниот билтен.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Тројца турски државјани добија по пет години затворска казна за помагање во убиството што се случи во мај 2025 година на градскиот плоштад во Штип. Судијата Јулијана Недкова денеска во Основниот суд во Штип ја објави пресудата за Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдур. Покрај затворската казна, на осудените им е изречена и мерка за доживотно протерување од државата. „Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш, кое започнува од денот на протерување на сторителот од територија на Македонија, а казната ќе се изврши по издржување на изречените казна затвор во траење од по…

Повеќе

Дваесет и петгодишниот Т.Б., кој е осомничен за свирепото убиство во општина Старо Нагоричане, е спроведен во затворот „К’шање“ во Куманово на издржување 30-дневен притвор. Од затворот информираат дека по извршениот лекарски преглед, лицето е во добра здравствена состојба. Истрагата за овој случај се проширува откако обдукцијата на втората жена, за која беше нареденa ексхумација, потврди дека станува збор за насилна смрт. „Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена за која обвинителството побара ексхумација“, изјави директорот на Судска медицина, проф. д-р Александар Станков, додавајќи дека се земени ДНК примероци од двете жртви. Обвинителството во наредните денови ќе…

Повеќе

Популарната пејачка Гоца Тржан се најде во центарот на скандал со интернет измама, откако нејзиниот лик беше злоупотребен за лажна реклама за производи за слабеење. Пејачката итно се огласи на социјалните мрежи за да ги предупреди своите фанови дека станува збор за фотомонтажа. Во спорната реклама лажно се тврди дека пејачката изгубила 27 килограми користејќи одреден препарат. Тржан остро реагираше и побара од јавноста да не наседнува на вакви манипулации. „Никогаш не почнав ниту ‘престанав’ да го користам овој секс за кој дури и не знам што е, злоупотребата на моите слики и лошата фотомонтажа се очигледни, затоа ве молам…

Повеќе

Украинска делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, денеска во Женева ги продолжи билатералните разговори со американски претставници. На средбата учествуваат специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер. Главни теми на разговор се економската поддршка за Украина, подготовката на нови мировни преговори и процесот на размена на воени заробеници. Како што информираше Умеров, во делегацијата се и пратениците Дејвид Арахамија, Олексиј Соболев и Дарина Марчак. „Важен блок е хуманитарниот сегмент и прашањето за можни размени. Очекуваме конкретни резултати во врска со враќањето на нашите граѓани“, изјави Умеров. Тој нагласи дека се…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (петок, 27.02.2026) дел од корисниците во општината Центар ќе останат без снабдување со електрична енергија. Според најавите, прекинот ќе трае во периодот од 07:30 до 15:30 часот. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улица „Новопроектирана 2“, како и дел од локалите и зградите лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15-17) и на булеварот „Климент Охридски“.

Повеќе

Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието.Таа апелираше да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот и нагласи дека фактот што нема доцнење во исплатите, не се воведуваат дополнителни товари за граѓаните и стопанството јасно покажува дека јавните финансии се управуваат одговорно, транспарентно и со јасен план.„Апелирам да не се создава лажна перцепција дека Буџетот е во банкрот. Доколку Буџетот ги сервисира сите обврски навреме и не воведува дополнителни товари за граѓаните и компаниите, тоа…

Повеќе