Author: Author 04

Вчера во 14:50 чaсот во ОВР Струга е пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител насилно  го отворил прозорецот, оштетил дел од инвентарот и одзел 400 денари. ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, по што против сторителот ќе поднесе соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, а од Основното јавно обвинителство информираат дека се разгледуваат камерите и течноста ќе се носи на вештачење.

Повеќе

Ново видео од воздушниот напад е објавено на социјалните мрежи. Нападот наводно го извршил Иран. Станува збор за облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. А според непотврдени информации, на кои наводно инсистира Техеран, во зградата се наоѓало седиштето на американската ЦИА. Да потсетиме дека новиот привремен лидер на Иран, Али Лариџани, најави одмазда за смртта на ајатолахот Али Хамнеи, а во Иран, над џамијата Џамкаран во Ком беше подигнато црвено знаме. Тоа ја симболизира „крвта на неправедно убиените“ и повикува на одмазда. An Iranian strike reportedly hit a skyscraper in Dubai.Tehran insists that the building housed a CIA headquarters. pic.twitter.com/B1O0VsLhrP—…

Повеќе

Иран возврати на Американците и Израел откако вчера беше нападнат, а државната новинска агенција Тасним објави видео од ирански пилоти и авиони кои се подготвуваат да нападнат американски цели. Според иранските државни медиуми и воени изјави, иранската војска објави дека нејзините авиони бомбардирале американски бази во земјите од Персискиот Залив и во Курдистанскиот регион во Ирак во неколку фази од операциите. Во соопштението број 4, објавено од иранските државни портали, се наведува дека „храбрите пилоти на воздухопловните сили на Исламската Република Иран успешно бомбардирале американски бази во земјите од Персискиот Залив и во соседниот Курдистански регион во Ирак“. Иранската војска,…

Повеќе

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чија земја учествува во заеднички напади врз Иран со Америка, се појави на X, каде што рече, меѓу редови, дека нападите од вчера и денес се практично „загревање“. „Во наредните денови ќе погодиме илјадници цели на терористичкиот режим. Ќе подготвиме услови храбриот народ на Иран да се ослободи од синџирите на тиранијата. И затоа ви велам повторно: Граѓани на Иран, не ја пропуштајте оваа можност. Ова е можност што доаѓа само еднаш во генерација. Не седете со скрстени раце, бидејќи вашиот момент наскоро ќе дојде. Моментот кога мора да излезете на улица, да излезете на улица…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ги дека наместо борба против корупцијата, партијата се занимава со создавање „приказни“ за да го прикрие сопствениот криминал. Според Петрушевски, раководството на СДСМ, вклучувајќи ги Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, свесно ја избегнува суштината на актуелните правни процеси. „СДС – безрбетна наместо да поздрави чин на справување со незконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата, тие се занимаваат со приказни. Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не…

Повеќе

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес издаде остро предупредување до светот, прогласувајќи го атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, за директен чин на агресија што ги надминува националните граници. Во своето официјално обраќање, Пезешкијан нагласи дека овој напад не може да се гледа само како напад врз политичкото раководство на една земја, туку како отворена објава на војна врз целиот муслимански свет. Атентатот врз Хамнеи е објава на војна врз сите муслимани, одмаздата е неизбежна – рече тој. Иранскиот претседател нагласи дека овој чин ја преминал критичната линија, што неизбежно подразбира решителен одговор од Техеран. Според него, правото…

Повеќе

Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес. Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило. Лицето од страна на полициските службеници е лишено од…

Повеќе

Март 2026 година најавува динамичен период исполнет со астролошки промени кои ќе влијаат врз работата, љубовта и личните одлуки. Клучниот настан, Месечевото затемнување, ги става во фокус старите грешки, но и шансите за нови почетоци. За Овните, фокусот е на трпението. „Функционирајте паметно, а не само брзо“, е главниот совет, додека ретроградниот Меркур бара тајни деловни планови. Биковите се соочуваат со враќање на минатото во љубовта.Близнаците ќе мора да ги решаваат семејните прашања кои долго биле потиснувани. Кај Раковите доаѓа до целосен „ресетирање“ на размислувањето благодарение на директното движење на Јупитер. Лавовите ќе бидат посветени на финансиите, со напомена дека…

Повеќе

Состојбата на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е стабилна, според лекарите кои се грижат за неговото здравје, пренесува РТС. Лекарите велат дека во моментов е неприфатливо да се даваат прогнози додека Дачиќ е на механичка вентилација. Прогнози за здравјето на Ивица Дачиќ може да се очекуваат само кога ќе биде отстранет од респираторот, велат лекарите. Состојбата може да се менува од час во час, сите параметри се следат и се применува современа терапија во согласност со нив и се спроведува дополнителна дијагностика. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше примен во Клиничкиот центар на Србија во среда поради здравствени…

Повеќе