Author: Author 04

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија оствари средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Magnus Brunner. Муцунски го истакна континуираниот ангажман во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата, како и посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во насока на целосно усогласување со европските стандарди. „Разговаравме за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, како и за имплементацијата на Системот за влез/излез на ЕУ. Посочив на практичните предизвици со кои се соочуваат професионалните возачи и транспортниот сектор…

Повеќе

Во врска со здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој е хоспитализиран поради билатерална пневмонија, се огласи помошникот-директор за пулмологија, Спасоје Попевиќ, кој е задолжен за неговото лекување. Како што истакна, јавноста ќе добие нови информации попладне, во 17 часот. Тој истакна дека сите евентуални промени ќе бидат навремено објавени.

Повеќе

Германскиот парламент во петокот одобри нови, построги правила на ЕУ за третман на барателите на азил и бегалците. „Европската политика за азил е нефункционална со години, новите правила се голем чекор напред“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт во дебатата пред гласањето во Бундестагот. Реформата беше поздравена и од помладиот партнер на Фридрих Мерц во владата, Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Пратеникот на социјалдемократите Себастијан Фидлер рече дека оние кои заслужуваат заштита во ЕУ ќе продолжат да ја добиваат. Опозиционите партии Алтернатива за Германија, Зелените и Левицата гласаа против хармонизирањето на правилата на ЕУ со германскиот закон, при…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка. Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето. Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да…

Повеќе

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.  Лицето било приведено…

Повеќе

Вистинска драма со среќен крај се одвивала во Санкт Петербург, откако 18-месечно бебе преживеа пад од неверојатни 33 метри. Херои на денот се две медицински сестри кои случајно се нашле под зградата и инстинктивно го искористиле својот капут како импровизирана заштитна мрежа. „Делувавме инстинктивно. Го видовме малото момче како се качува на работ од прозорецот и знаевме што ќе се случи. Само се погледнавме со другата жена и рековме: ‘Ајде да го фатиме’“, раскажува сестрата Ана Камасова. Благодарение на нивната присебност, детето паднало директно врз палтото, што го ублажило ударот и му го спасило животот. По лекарскиот преглед, утврдено е…

Повеќе

Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. „Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови:  Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1 Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година. Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на досегашната соработка, со посебен акцент на борбата против корупцијата, унапредувањето на демократските процеси и зајакнувањето на учеството на граѓаните во локалната самоуправа. Градоначалникот ги презентираше и тековните проекти на Град Скопје во областа на сообраќајната инфраструктура, јавната хигиена и зелените површини. Соговорниците разговараа и за продлабочување на соработката меѓу збратимените градови преку образовни и културни размени, како и за реализација на идни заеднички проекти насочени кон подобрување…

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и еден за управување на нерегистрирано возило. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. „На средбата разговаравме за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси. Ја истакнавме важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани“, посочи Бегај.

Повеќе