Author: Author 04

Нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови”, е промовиран денеска во Министерството за здравство. Со модулот, како што рече министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција, за прв пат се отпочнува со дигитализација на постапката за ставање на нов лек на позитивна листа. Тој посочи дека модулот е изработен од Управата за електронско здравство, во соработка со Секторот за фармација во Министерството за здравство, ќе биде јавно достапен на интернет страницата на Министерството (www.lekovi.zdravstvo.gov.mk) и во функција ќе биде веднаш откако ќе стапат во сила измените на прописот со кој се уредува…

Повеќе

Полицијата во Бор го уапси О. В. (22) од овој град под сомнение за сторено кривично дело спречување на службено лице во вршење на службена должност. Тој е осомничен дека возел „Опел“ кој не застанал на семафорот на полицаецот, туку одеднаш се упатил кон него. Полицискиот службеник скршнал од патот за да избегне удар од автомобилот, додека О. В. се оддалечил во непознат правец. Полициските службеници набрзо го пронашле и утврдиле дека е позитивен на тестот за канабис. Со наредба на Основното јавно обвинителство во Бор, му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинителот…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика во врска со информација за движењето на платите, при што изјави дека никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш, како Влада, треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат работниците да добијат повисока плата. „Видете, прво, никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш, како Влада, треба…

Повеќе

Полицијата уапси вкупно три лица за убиството на 61-годишниот Зоран Гргиќ, поранешен член на Советот за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент, синоќа во Шушњевац во близина на Славонски Брод. Бродско-посавинската полициска управа го потврди ова, наведувајќи дека покрај првично уапсениот 33-годишник, кратко потоа се уапсени уште две лица на возраст од 25 и 39 години. „Околу 18 часот се случила пукотница во која 61-годишникот бил повреден од огнено оружје, а од повредите починал. Следела брза полициска интервенција, при што бил пронајден 33-годишникот, по што биле уапсени уште две лица. Во тек е кривична истрага за…

Повеќе

Вчера во 23 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Министерството за образование и наука по завршување на локалните избори ќе продолжи со контроли во високообразовните установи, најави денеска ресорната министерка Весна Јаневска. По извршениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање за затворањето на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје, посочи дека со цел подигање на квалитетот на високото образование МОН формирало комисии кои прават увид во нивното работење. – Направен е увид и во оваа институција, каде се утврдени бројни неправилности, од кадар, опременост. Им дадовме еден месец рок…

Повеќе

“Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот, посочи на прес – конференцијата на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка. Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош, рече Кузеска. „“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена…

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која меѓудургото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември. На изборите ќе учествуваат речиси сите политички парии и коалиции и независни кандидати. Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, до вчера вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје беа 303, а…

Повеќе

Вчера 644 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет возачи поради безобзирно управување со возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 644 платни од кои што во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање 183, како и на управување на возило со брзина поголема од пропишаната 158 прекршоци. Покрај ова во текот на вчерашниот ден, согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, беа изречени…

Повеќе

Демократската унија за интеграција изразува најдлабоко негодување за фактот што, со последната одлука за еднојазични полициски униформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска и исклучувачка политика кон Албанците. Ова не е само политичка одлука заснована на дискриминација, туку пред сè флагрантно кршење на Уставот, Законот за употреба на јазиците и Охридскиот договор. „ВЛЕН ги манипулира граѓаните и се обидува да купи време пред избори, тврдејќи дека албанскиот јазик ќе се користи на полициските униформи. Но тоа не се осмелува да му го каже на својот патрон во Владата. Тие немаат храброст да го одбранат ни она…

Повеќе