- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
Author: Author 04
Сè што досега кажа Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа како голема лага, велат од СДСМ. „Театарот и режираното сценарио со Груби веќе станаа циркус пред очите на целата јавност. Обвинителството под контрола на Мицкоски ја правдаше скандалозната одлука за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од МВР и АНБ. Само неколку часа подоцна, директорот на затворот „Шутка“, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше обвинителството. Според него, ниту АНБ ниту МВР воопшто не дошле и не направиле проценка. Мицкоски излезе на телевизија и рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и дека не можело да се соопштат. Имал чувство. Сега слушаме…
СДС молчи и бeга од темата за Артан Груби. СДС пласира низа лаги и конструкции во јавноста а потоа на седницата за пратенички прашања молк, ниту пратеничко прашање ниту пак името да му го спомне на Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Секогаш кога станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите кај СДС владее тишина. Молкот од страна на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото однесување. Дали стравот од можните искази на Груби и информации што би можеле да излезат на виделина е причината за паниката во редовите на СДС? Дали поранешни функционери…
Денеска е Светиот великомаченик Теодор Тирон, празник кај народот познат како Тодорица или Тодорова сабота. Овој ден е исполнет со необични и автентични македонски обичаи, од кои најинтересните се поврзани со младите девојки и нивната желба да го дознаат својот иден сопруг. Според записите на Марко Цепенков, девојките во петок навечер го зачувуваат првиот залак од вечерата и го ставаат под перницата. Се верува дека момчето кое ќе го сонат таа ноќ, ќе им биде судено за маж. Во Битола, пак, мајките „краделе“ три зрна пченица од црквата за да им ги стават на ќерките под перница за среќен сон.…
Овој викенд астролошките влијанија носат мешавина од напнатост и емотивна длабочина. Квадратот на Марс во Водолија со Уран во Бик може да предизвика нетрпеливост и желба за ненадејно ослободување од старите стеги. Од друга страна, ретроградниот Меркур во конјункција со Венера во Риби е идеален за појаснување на недоречени чувства и враќање на старите разговори. Овен: Се соочувате со внатрешен притисок за брзи одлуки, но ретроградниот Меркур ве советува прво да размислите што навистина сакате. Можен е мек разговор за тема од минатото. Бик: Внимавајте на инаетот. Квадратот Марс-Уран ве турка кон промени кои можеби ви се неудобни. Најдете стабилност…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој, неовластено набавил марихуана и семки од Cannabis, ги препакувал во помали паковки и неовластено вршел продажба со цел да се стекне со противправна имотна корист. При преглед во неговиот автомобил, пронајдени и одземени се 27 семки Cannabis а потоа, при претрес во неговиот апартман во Охрид, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.
Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе нова одлука со која се иврши корекција на цените на нафтените деривати. Од полноќ, возачите кои користат дизел плаќаат поскапо гориво, додека цените на бензините мируваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 2,00 денари по литар и изнесува 71,00 ден/лит. Исто толкаво зголемување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 70,00 ден/лит. Од друга страна, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.
Ноќеска во 01:38 часот, кај месноста „Копачка“, во близина на Кичево, лишен од слобода е З.Р.(32) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, биле утврдени 2,19 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Времето во земјава денеска ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималните температури денеска ќе се движат во интервал од 10 до 15 степени, додека минималните на места ќе се спуштат и до -3 степени. Во Скопје се очекува слично време – сончево со умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Во делови од скопската котлина во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Температурата во главниот град ќе се движи од -1 до…
Денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство е одложена за следната недела поради технички причини. Министерот за правда, Игор Филков, појасни дека членовите воопшто не навлегле во суштинска расправа, бидејќи првично мора да се утврди дневниот ред. Главната пречка за денешното одложување биле јазичните бариери и потребата од превод на материјалите. ,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија оствари средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Magnus Brunner. Муцунски го истакна континуираниот ангажман во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата, како и посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во насока на целосно усогласување со европските стандарди. „Разговаравме за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, како и за имплементацијата на Системот за влез/излез на ЕУ. Посочив на практичните предизвици со кои се соочуваат професионалните возачи и транспортниот сектор…
