Author: Author 04

Лозарите повторно се оставени на цедило, а грозјето скапува на нивите, велат од СДСМ.„Пред два дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Кавадарци самоуверено изјави дека „целото грозје ќе биде откупено од страна на винариите“. Денес е 19- ти септември, реалноста на терен е сосема поинаква. Најавеното „решение“ за проблемот со откупот на грозјето се претвори во нова агонија за лозарите – откупот на винското грозје се одвива забавено. Министерот Трипуновски тврдеше дека за оваа реколта ќе има производство од над 100 милиони килограми грозје. Во Кавадарци, опкружен со своите соработници, изјави дека досега се откупени 78…

Повеќе

Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори, рече Мицкоски на денешната средба со новинарите. Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори, како што кажа, ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци. -Како ВМРО-ДПМНЕ можеби би ни одговарале предвремени парламентарни избори, но ние не ги гледаме работите партиски, туку државнички. Ако одиме…

Повеќе

Кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот. – Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен В.М., 40-годишен кавадарчанец. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. За настанот, известен бил јавен обвинител.

Повеќе

Штип има потенцијал да стане туристички центар во Истокот. Има бројни капитални проекти шти ги реализираме како Влада и со тоа даваме силна подршка за Штип и регионот, истакна денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски кој присуствуваше на отворањето на манифестацијата “Штипска пастрмајлијада”. Изградба на брана на река Отиња, проекти во патната мрежа, канализациони и водоводни системи, урабнизација на брана Кежовица, се дел од проектите што се реализираат во Штип со подршка на централната власт. “ Навистина е чест да се биде денеска во Штип на отворањето на овој голем настан за кој што живее…

Повеќе

Огромно полициско присуство пред болницата во Прилеп по инцидент меѓу две поголеми групи. Видео од инцидентот е објавено на порталот „Маркукуле“. Според порталот, неофицијално, две групи кои биле вооружени со огнено и ладно оружје сакале да се пресметаат меѓу себе. Од МВР за Press24 велат дека пукотници од огнено оружје немало, но официјална информација за инцидентот ќе објават во текот на денот.

Повеќе

Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа информираше дека по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до отвори истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција во центарот на општината, каде најави конкретни иницијативи за зајакнување на соживотот и унапредување на мултиетничкото општество, како одговор на сè поопасната реторика што го загрозува духот на Охридскиот договор, се наведува во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир.  „Денес сме тука, во срцето на Чаир, за да испратиме јасна порака: иднината на нашата општина и на нашата држава нема да се гради врз поделби, туку врз надеж, соживот и еднакви можности за сите“, порача Османи, нагласувајќи дека мултиетничкиот карактер на државата не е слабост, туку…

Повеќе

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, учествуваше на панел дискусијата „Домот како основна потреба, а не привилегија“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“. Во своето обраќање, Шукова го истакна предизвикот што законот за домување во целост е во надлежност на централната, а не на локалната власт, и посочи дека е потребно да се отвори сериозна дебата, како и да се иницираат законски измени, со цел локалните самоуправи да можат да им помогнат на младите во справувањето со едно од најгорливите прашања – домувањето, кое претставува една од основните човечки потреби. Шукова на панелот го предложи виенскиот…

Повеќе

Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Левица и Мојсоска кои проповедаат чесност и скромност, имаат две лица, едно пред камери и едно зад камери, вели Манасиевски. „Она пред камери е лажното, каде што се претставуваат како чесни, скромни, неподмитливи, луѓе на народот, а она вистинското лице си го покажаа зад камерите, кога цело раководство на президиумот на Левица инкасирало средства налик на патни трошоци, од сопствената партиска трансакциска сметка“, посочи Манасиевски. Манасиевски исталкна дека според она што го имаат добиено од свиркачи…

Повеќе

Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово. Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување. -Вчера, Одделение за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово пријави епидемија на „алиментарна токсоинфекција“ за шест пријавени – заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани…

Повеќе