Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Театарот со Груби стана „Циркус Медрано“, недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна

    Кузеска: Театарот со Груби стана „Циркус Медрано“, недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна

    27.02.2026 во 12:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција рече дека сè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага.

    Тетарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус, истакна Кузеска.

    „Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна проценка дадена од МВР и АНБ.

    Не бил безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.

    Истиот ден, директорот на затворот Шутка, инаку кадар на ВМРО-ОКГ, го демнатираше обвинителството. Според него ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направиле проценка.

    Мицкоски вчера, јавно, на телевизија рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти.

    Имал чувство.

    Сега излегуваат информации дека „странски служби“ јавиле и тоа уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.

    Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?

    Ако нема проценка од АНБ и МВР како Обвинителството донело одлука за куќен притвор?

    Ако нема проценка од АНБ и МВР како Мицкоски вели дека „тоа било класифицирано“.

    Или неговите лаги почна да ги третира како класифицрани?“, прашува Кузеска.

    Циркус, рече Кузеска.

    „Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено.

    Се измислуваат нови лаги, се прави дефокус за да се покрие сценариото, дилот којшто го направиле.

    Претстава на граница, доаѓање со наочари, со насмевка, само уште црвен килим недостасуваше.

    Пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.

    Одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.

    Има, па нема безбедносна проценка. Дале проценка АНБ и МВР па не дале.

    Сега странски служби. Недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна. Циркус Медрано како што велеше Гордана Јанкуловска.

    Ова почитувани го разобличува целото режирано сценарио, целокупниот театар.

    Мицкоски прво разрешува и поставува нови обвинители на телевизија, во живо во емисија, а сега повторно во емисија најавува што ќе зборува Груби и што ќе прави обвинителството.

    Кому веќе не му е јасно дека Мицкоски, покрај тоа што ги уредува 40% од медиумите што преку Орбан ги има под контрола, управува и со обвинителството?

    Сè е договорено.

    Граѓаните не се глуви и не се слепи, гледаат и знаат се.

    Имаме чувство Мицкоски“, потенцираше Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.