Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Сè што досега кажа Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа како голема лага

    СДСМ: Сè што досега кажа Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа како голема лага

    28.02.2026 во 10:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сè што досега кажа Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа како голема лага, велат од СДСМ.

    „Театарот и режираното сценарио со Груби веќе станаа циркус пред очите на целата јавност.

    Обвинителството под контрола на Мицкоски ја правдаше скандалозната одлука за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од МВР и АНБ.

    Само неколку часа подоцна, директорот на затворот „Шутка“, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше обвинителството. Според него, ниту АНБ ниту МВР воопшто не дошле и не направиле проценка.

    Мицкоски излезе на телевизија и рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и дека не можело да се соопштат. Имал чувство.

    Сега слушаме нешто друго, дека „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка од АНБ и МВР воопшто не била направена.

    Кои странски служби? Српски? Руски?

    И клучното, ако нема безбедносна проценка од АНБ и МВР, како тогаш Обвинителството донело одлука за куќен притвор?

    Ако нема проценка, како Мицкоски тврди дека била „класифицирана“?

    Има – па нема безбедносна проценка. Дале – па не дале. Сега „странски служби“. 

    Недостигаат уште „жолтите комбиња“ за сликата да биде комплетна – вистински Циркус Медрано.

    Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.