Министерот за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, денеска оствари средба со македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
Во фокусот на разговорите биле билатералните односи, економската соработка, трговијата и инвестициите, како и можностите за посилно поврзување на деловните заедници на двете земји.
Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на Македонија, особено преку програмите насочени кон јакнење на институциите.
На средбата станало збор и за швајцарското претседавање со ОБСЕ, безбедносните предизвици во Европа и улогата на организацијата во градењето доверба, дијалог и стабилност.
Двајцата соговорници разговарале и за европската интеграција на Македонија, реформските процеси и актуелните геополитички случувања, при што била нагласена важноста на силните партнерства за мирот и просперитетот на европскиот континент.
Ова е објава на министерот Тимчо Муцунски по средбата со неговиот швајцарски колега Игнацио Касис.

