Author: Author 04

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…

Повеќе

Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога. Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од…

Повеќе

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа (23.09.2025) го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина. Меџити ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце. Оваа одлука, како што изјави Меџити, е резултат на континуираната загриженост на жителите и анализите спроведени од надлежните институции за негативното влијание што би го имала ваквата активност, особено во услови на поплави, но и врз здравјето и животот…

Повеќе

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември, информираа вчера во видео изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски. – Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат…

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо…

Повеќе

Вечерва во општина Буковље, во близина на Славонски Брод, се случи убиство. Полициската управа Бродско-Посавина го објави ова околу 18 часот, по пријава за пукање и ранување на маж. Полицијата Бродско-Посавина соопшти дека повредениот починал од повредите кратко време по ранувањето. Полицијата потврди дека вечерва, по 23 часот дека уапсила лице осомничено за убиството. Против уапсеното лице се води кривична истрага. Според постапката, прво ќе биде подложен на болнички третман и ќе му бидат земени примероци од крв и урина, а штом дежурниот истражен судија ќе издаде потребни налози за претрес, полицијата ќе ги претресе сите згради, простории и возила…

Повеќе

Многу студен фронт ја погоди северна и западна Европа, а многу студена воздушна маса се спушти кон Алпите. Во исто време, грмотевици доаѓаат од Медитеранот, со обилни и поројни дождови. Тековни температури на воздухот во Европа Денес, и повторно вечерва, северните делови на Италија и јужните делови на Швајцарија се под напад на силни грмотевици. Во исто време, целиот алпски регион е погоден од обилни дождови, со вистинско есенско време и температури околу 10 степени. За жал, обилни дождови и силни бури доведоа до катастрофални поплави и порои во подножјето на јужните Алпи во северна Италија кои однесоа сè на…

Повеќе

Вчера во 11:50 часот во СВР Скопје, Н.Д.(39) од с.Џепчиште, тетовско пријави дека околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по претходна случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Малото село Шушњевци, кое се наоѓа во општина Буковље во близина на Славонски Брод, во вторник попладне го потресе крвав злостор, а според неофицијалните информации објавени од 035portal, жртвата на убиството е Зоран Гргиќ. Гргиќ е роден во Славонски Брод во 1963 година, каде што завршил основно и средно училиште и студирал во тој град (веднаш до Загреб), објавува Независне новине. Тој бил пратеник во парламентот од редовите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во почетокот на 2000-тите. „Во јавноста беше запаметен како пратеник кој се залагал за развој на Славонија и зајакнување на локалната инфраструктура. Освен што бил политички активен,…

Повеќе

Попладнево околу 18 часот се случил напад со нож во близина на Славонски Брод, а жртвата, како што објавија хрватските медиуми, е Зоран Гргиќ, поранешен политичар на ХДЗ. Јутарњи лист наведе дека Гргиќ (62) од Славонски Брод бил поранешен член на Парламентарниот совет за граѓански надзор на безбедносните и разузнавачките служби. Како што објави Вечерњи лист, злосторството се случило кратко по 18 часот. Убиецот ѝ го блокирал патот на жртвата со своето возило на патот во Шушњевци. Излегол од автомобилот и го застрелал човекот, кој застанал со своето возило. Потоа убиецот избегал. Се обиделе да го реанимираат ранетиот од итната…

Повеќе