- Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клинички
- По една година борба: Џеси Џеј објави дека го победила ракот на дојка
- Не паничете во авион: Правила што можат да ве смират за време на турбуленции
- Финансиските експерти предупредуваат: Секогаш треба да имате најмалку 35 евра кеш дома
- Утре ќе биде погребан оперскиот пејач Ристе Велков
- Рубио: САД се повлекуваат од преговорите за Украина, нема да учествуваме во состаноци кои не водат никаде
- Обвинителството бара притвор за 76-годишникот oд Косово кој ја предизвика страотната сообраќајка
- Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
Author: Author 04
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека резултатите од спроведеното мерење на квалитетот на воздух во Трубарево, на 13-ти и 14-ти септември, по пожарот во складот на „Ф-Групација ДООЕЛ“ покажуваат значително надминување на дозволените граници за „PM10“ чистички, олово, кадмиум и арсен, како и дека биле измерени високи концентрации на честички и тешки метали. Во соопштението се наведува дека на 18-ти и 19-ти септември, исто така, било спроведено тековно мерење на квалитетот на воздух кое покажува дека моментално нема надминување на граничните вредности и дека концентрациите на „PM10“ честички се во рамки на дозволените граници за заштита на…
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп. Во текот на 2025 година, двајца вработени во осомниченото правно лице и полициски службеник формирале група…
По контроверзната изјава на министерката за јавни набавки, која е создадена со вештачка интелигенција, дека се чувствува „повредена“ што ја нарекле „неуставна“, изби хаос во албанскиот парламент. Пратениците од опозицијата почнаа да фрлаат шишиња и хартии кон премиерот Еди Рама. На 11 септември, Албанија го назначи својот прв министер за вештачка интелигенција, кој е задолжен за јавните набавки и тендери. Оваа одлука беше проследена со остри реакции и критики од опозицијата, која смета дека ваквиот потег е неуставен и недемократски.
Вчера во 23:30 часот во СВР Скопје, И.Ш.(23) од село Танушевци, скопско, пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“. -СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации, се наведува во соопштението од Владата. Фактите се едноставни и непобитни, велат од Владата и посочуваат дека ова е првпат во историјата на нашата…
Денес министерот за правда Игор Филков во Валета, Малта, каде во рамки на малтешкото претседателство со Советот на Европа се одржува конференцијата на министри за правда, го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја. Со тоа нашата држава е една од првите кои пристапија кон протоколот со што јасно ја искажа својата определба активно да придонесува и учествува во заедничката борба против криминалот кој не познава граници. Овој протокол овозможува директна електронска комуникација преку обезбедени канали што ќе ја забрза и поедноставни меѓусебната меѓународна соработка, а се овозможуваат и видео конференции кои ќе ги елиминираат трошоците за патувања…
Прилепската полиција приведе 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Физичката пресметка била меѓу две групи кои, за полицијата да ги смири, службено лице пукало во воздух. Инаку, на три лица им е укажана лекарска помош кои се здобиле со полесни телесни повреди од удари по главата. Како што информираат од СВР Битола во прилепската полиција денеска околу 12 часот било пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. -На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните…
Денеска во 03:00 часот во СВР Скопје, Ф.Т.(43) од Италија пријави дека на 18.09.2025 околу 23:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува на почетокот на следната година да се придвижат работите во делот на гаранциите дека уставните измени ќе бидат последното барање на нашиот пат кон целосно членство во Европската Унија. Како што посочи на денешната средба со новинарите, по постетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на Софија, каде порача дека е крајно време Македонија да добие некакви гаранции дека нема да има нови барања за продолжување на европскиот пат, имал разговори со него и се согласиле дека уставните измени треба да бидат последното барање на нашиот европски пат и да се добијат некакви гаранции за…
Вчера во 23:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.С.(59) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишната К.Х. од Велес дека физички ја нападнал на нејзиното работно место, а подоцна во два наврати и во нејзиниот дом, каде што влегол со употреба на сила. Ј.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
