Author: Author 04

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција предложи пакет економски мерки со цел да се ублажат последиците од растот на цените на горивата и очекуваното поскапување на основните производи. Филипче оцени дека Владата не презема доволно мерки во услови на енергетска и економска криза предизвикана од случувањата на Блискиот Исток. „Гледаме како изминатите денови Владата не презема буквално ништо во однос на кризата која се случува на Блискиот Исток. Нема дебата, нема анализа, нема подготовки“, изјави Филипче. Тој посочи дека поскапувањето на горивата не е изненадување, имајќи предвид дека цената на нафтата на светските берзи во последниот месец пораснала за…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“. Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани во нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“ во март 1943 година. Во македонската делегација што ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова се: амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, претставници од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и претставници од Еврејската заедница. За време на посетата на…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 15-годишна малолетничка од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.09.2025, малолетничката физички нападнала жена од истото село, по што се обидела со остар предмет да ја нападне жената и нејзиниот сопруг, соопштија од МВР. 

Повеќе

Паника меѓу возачите во главниот град по информациите за енормно зголемување на цените на горивата од полноќ. На повеќето бензински станици низ Скопје веќе се формираат долги редици возила, додека граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите пред новиот ценовен шок. Според најновата одлука на РКЕ дизелот ќе поскапи за неверојатни 14,5 денари, додека бензинот ќе поскапи 5 денари по литар.

Повеќе

Најновата споредба на цените на нафтените деривати на Балканот покажува огромни разлики меѓу земјите.Македонија и БиХ остануваат најевтини дестинации за точење гориво, додека Србија предничи со највисоки цени, особено кај дизелот. Цени на горива во регионот (во денари) Убедливо најскап дизел се плаќа во Србија (106.4 ден), што е за дури 21 денар повеќе по литар во споредба со Македонија.БиХ има најевтин бензин (75.7 ден), дури и под цената во Македонија. Во сите земји од регионот прикажани на графиконот, дизелот е поскап од бензинот, што е тренд кој се задржа по енергетската криза. Македонија е значително поевтина од Србија и…

Повеќе

Вчера во 21:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарви лишиле од слобода 69-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите 44-годишен син и снаа. При преземање мерки, кај него биле измерени 1,40 промили алкохол во крвта, информираа од полцијата. 

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром, која претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за внатрешни работи. Изградбата на новиот објект е дел од поширокиот процес на унапредување на условите за работа на полициските службеници, но и на квалитетот на услугите што Министерството ги обезбедува за граѓаните. Во рамки на овој процес, во изминатиот период беше пуштена во употреба целосно реновирана полициска станица во Бутел, како и осум нови канцеларии за управни работи ширум државата. Меѓу нив се и новите канцеларии за граѓански работи на СВР…

Повеќе

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд.

Повеќе

Кривични пријави против тројца албански државјани, со пловни објекти илегално влегле во македонска територија и вршеле незаконит риболов Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија. Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при вршење на кривично дело „незаконит риболов“, по што, по наредба на јавен обвинител, одземени им се пловните објекти и рибарските мрежи со уловот.По целосно документирање на…

Повеќе