- СДСМ: Уште само осум дена до рокот на Мицкоски за Реформската агенда
- Тошковски најави итна надградба на системот „Safe City“
- Дневен хороскоп: Финансиски план за Лавот, одлични вести на работа за Девицата, Вагата да не брза
- Муцунски од Хелсингборг: Западниот Балкан останува под сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори
- Страшна несреќа го потресе светот: Силна експлозија однесе најмалку 90 животи, во тек е голема спасувачка акција
- Денеска ќе биде погребан баритонот Ристе Велков
- Сиљановска-Давкова со честитка за 23 Мај: Горди сме што сме единствената држава во која Власите се уставен етнички ентитет
- Минчев со честитка за 23 Мај: Влашката заедница е нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Македонија
Author: Author 04
Вчера во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат Ф.Ш.(79), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.
Владата на денешната 114 редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура- Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited (CI)). Со овој Договор за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура- Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и товарен железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот…
Бележиме раст од 6,1 % во секторот транспорт, што говори дека оваа индустрија се развива, но исто така говори дека се уште има простор за раст и развој. Преземаме краткорочни и долгорочни мерки што ја олеснуваат вашата работа, но реализираме и големи крупни капитални проекти кои директно влијаат врз развој на транспортниот сектор, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешниот состанок со транспортерите. Планот на Владата, како што потенцираше вицепремиерот Николоски е да се искористи позицијата на Македонија како стратешка крстосница во регионот. “Идејата е да Македонија да го искористи потенцијалот кој што го има како…
Превозниците укажуваат на импликациите од најавените нови правила за патување во Европската унија и повторно апелираат да им се овозможат повеќе денови за престој во шенген-зоната, а престојот да се пресметува во часови, а не во денови. На денешната средба на превозниците, организирана од Макам-транс, беше соопштено дека недостигаат 15 -16 000 возачи и оти им се потребни бенефици, со поголемо даночно олеснување за дневниците, како и увоз на возила без плаќање на ДДВ. Државните претставници, пак, порачаа дека превозниците се основен двигател на бизнисот и оти идниот раст на секторот Транспорт и логистика, што во вториот квартал забележа пораст…
Експлозија одекнала на пазар во турскиот град Демре, при што се повредени неколку лица, објави локалниот новински портал Анталија Хакинда. Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, се вели во извештајот. Турските екипи за итни случаи брзо се упатиле кон местото на настанот откако добиле пријави за повредени, пренесуваат тамошните медиуми.
Двомесечно бебе почина во Апокоронас, објавија грчките медиуми. Според последните информации, родителите на бебето, фински брачен пар, ја предизвикале смртта на новороденчето со тоа што го давиле бебето додека спиело. Поточно, брачниот пар присуствувал на свадба во саботата навечер и го успале бебето меѓу себе, што резултирало со случајно удирање. Се забележува дека двајцата наводно консумирале алкохол. Обдукцијата утврдила дека смртта на детето настапила од задушување. Родителите биле изведени пред обвинителот и биле пуштени на слобода во недела наутро, додека против нив е покрената кривична постапка.
Денес, на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се одржа првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) – настан кој претставува историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам. Состанокот беше организиран од страна на Република Северна Македонија, која ја презеде едногодишната улога на претседавач со ЈЈИ за периодот 2025–2026 година. Во своето обраќање, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја истакна симболиката на оваа година, кога се одбележуваат пет години од приклучувањето кон ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR),…
Вчера во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Ноќеска во 01:00 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Р.(18) од Охрид. Тој бил затекнат при обид за одземање на патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, кое било оставено незаклучено на паркинг на истата улица, информираа од полицијата. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
