- Официјални детали од Сеизмолошката опсерваторија: Познат е интензитетот на попладневниот земјотрес во Скопје
- Ѓорѓиевски по средбата со Мицкоски: Со силна владина поддршка почнуваме капитални проекти за развој на Скопје
- Министерството за транспорт ги објави понудите за автобусите: Нема криминал од 12 милиони евра, СДСМ да се извини или оди на суд
- Силен земјотрес го стресе Скопје
- ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за автобусите: Документот на СДСМ е тежок фалсификат и глупост
- (ВИДЕО) Николоски најави крупни реформи: Со законски измени ќе се стимулира изградбата на големи Дата центри во Македонија
- Трагедија го потресе регионот: Почина седумгодишното момче кое беше прегазено од БМВ
- Апсења во Скопје: Приведени три лица
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште, истакна Мицкоски. „Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината. Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме. Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште“, нагласи Мицкоски!
Денеска околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки затоа што кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на изминатата недела, во десетина различни случаи лишија од слобода вкупно 40 лица, како и двајца малолетници, кај кои што при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети марихуана и бела грутчеста и прашкаста материја. Исто така, врз основ на извршени претреси по претходно добиени Судски наредби во текот на минатата седмица, во четири одвоени случаи покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, стебла од канабис сатива, семки од канабис,…
Во понеделникот вечерта, аеродромот „Каструп“ во Копенхаген беше принуден да се затвори неколку часа поради дронови, само еден ден по кибернападите врз аеродромите во Лондон, Брисел, Берлин и други европски градови. Упадот со дронови што ги приземји летовите на аеродромот во Копенхаген во понеделник вечерта беше „најсериозниот напад врз данската инфраструктура досега“, изјави данската премиерка Мете Фредериксен во вторник, 23 септември, објави „Би-би-си“. Аеродромот „Каструп“ во Копенхаген беше принуден да се затвори неколку часа откако властите забележаа неколку дронови. „Тоа кажува нешто за времето во кое живееме и со што ние како општество мора да бидеме подготвени да се справиме“,…
Со судството и обвинителството во Македонија раководи кланот Заеви и кланот Ахмети. Тие се директните виновници кои држат судии и обвинители затоа што се уплашени поради криминалот кој го имаат направено. Затоа секој случај кој ќе почне завршува со неуспех, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа секоја пријава на МВР или докази или допрен глас и укажување од Владата или јавноста за криминал на луѓе од СДС и ДУИ завршуваат без епилог, во нечија фиока или затворени се како случаи. Но, имаме една порака. Ако до Нова година не се смени ова и нема чекори за борба против корупцијата за…
Ја видовме реакцијата на судиите и обвинителите. Мислевме дека ќе прочитаме нешто повеќе посериозно и потемелно, кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денеска искажаните ставови од Здружението на судии и Здружението на јавни обвинители. „Со тоа во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат мито, па тоа го оправдуваат со крајно нечовечната и неетичка позиција „ниски ни се платите”. Чест на исклучоците во таа професија кои се уште се повеќе од расипаните зрна во…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ која партијата ја подготвуваше изминатиот период. „Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите политички партии и субјекти во Собранието,“ изјави Филипче. Тој нагласи дека целта е да се постигне заеднички став за најважното државно прашање во моментов – европската перспектива на Македонија. „Апелирам сите политички чинители…
Метеоролозите предвидуваат блага и пријатна есен, со температури над просекот за целиот регион. Се очекуваат и помалку врнежи, иако се можни кратки периоди со обилни дождови. Според српските метеоролози, првите снежни врнежи на планините се очекуваат веќе во четврток, 10-ти. Според прогнозите на „Severe Weather Europe“ и Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMVF), Европа ќе има подпросечни врнежи од снег оваа зима. Сепак, прогнозите покажуваат дека централниот Балкан (вклучувајќи ги Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија) ќе биде меѓу ретките делови на континентот каде што се очекуваат повеќе снежни врнежи. Домашните метеоролози предвидуваат дека веќе…
Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…
Тајната служба соопшти дека открила и демонтирала тајна, високотехнолошка операција во Њујорк која можела да ја исклучи мрежата на мобилната телефонија додека странските лидери се подготвувале да се соберат во близина за годишното Генерално собрание на ОН, објави агенцијата во вторник, објави Њујорк Тајмс. Софистицираната мрежа од електронски уреди, која вклучувала повеќе од 100.000 СИМ-картички и 300 сервери, можела да ги попречи службите за итни случаи и да се користи за шифрирани комуникации. Еден функционер рекол дека мрежата можела анонимно да испраќа 30 милиони текстуални пораки во минута. Тој додаде дека агенцијата никогаш порано не видела операција од ваков обем.…
