Author: Author 04

Од денеска (1 март) граѓаните кои користат платежни картички за онлајн купување ќе се соочат со нови правила. Наместо досегашната потврда со СМС-код, стапува во сила законската обврска за засилена автентикација, која бара секоја трансакција да биде одобрена преку мобилната банкарска апликација. „Корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице“, појаснуваат од финансиските институции. Оваа промена е клучна за спречување на злоупотреби. Дури и ако некој ги поседува податоците од вашата картичка, плаќањето нема да може да…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во Крива Паланка по повод завршувањето на реконструкцијата на градската обиколница. Овој проект е дел од пошироката модернизација на патната мрежа долж Коридорот 8. Како што соопштуваат од владината прес-служба, „станува збор за многу значаен проект на Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка“. Новата инфраструктура претставува директна патна врска со граничниот премин Деве Баир, кој според Владата е „главна врска со Република Бугарија“. Со ова се очекува значително да се забрза протокот на возила и да се подобрат трговските врски со соседството.

Повеќе

Македонија денеска ја очекува стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. „Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени“, информираат од УХМР. Во Скопје се очекува слично време – сончево со слаб југоисточен ветер и утринска магла во делови од котлината. Температурата во главниот град ќе се движи од 0 до 15…

Повеќе

Меѓународниот аеродром во Кувајт беше оштетен денес во напад со дрон! Абдула Ал-Раџи, портпарол на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, изјави дека неколку вработени се полесно повредени и дека патничкиот терминал (Т1) е оштетен. Тој исто така рече дека надлежните органи веднаш започнале со спроведување на одобрени процедури за итни случаи. Властите потврдија дека ситуацијата е под целосна контрола и дека безбедноста на патниците и работниците е врвен приоритет – се вели во соопштението. İran'ın vurduğu Kuveyt Havaalanı'ndan bir başka görüntü: pic.twitter.com/jgqHVVtdTv— BPT (@bpthaber) February 28, 2026 ⚡️ Iran struck Kuwait International AirportIts operations have been suspended. Reports indicate there…

Повеќе

Утре во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана обиколница Крива Паланка. Ова е многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Република Бугарија.

Повеќе

Застрашувачки снимки доаѓаат од Дубаи, една од најпопуларните туристички дестинации во светот, во екот на војната на Блискиот Исток, која започна порано денес кога Израел и САД извршија напади врз Иран, по што следеше одмазда од владата во Техеран. Снимки од ирански дрон „Шахид 136“ кој го погоди хотелот „Палм“ во центарот на Дубаи се појавија на социјалните мрежи. Веднаш по ударот на дронот, избувна пожар, додека експлозии одекнуваа низ целиот град. Според најновите информации, најмалку еден хотел бил директно погоден, по што избувнал голем пожар. Островот Палм Џумеира се наоѓа во средината на градот и е дом на голем…

Повеќе

Големото поместување на стратосферските ветрови го најавува конечното распаѓање на поларниот вртлог, процес кој според метеоролошките анализи на „Severe Weather Europe“ значително ќе ги обликува временските прилики низ цела Европа до рана пролет. Поларниот вртлог претставува огромна зимска циркулација на воздух над северната хемисфера. Кога овој систем е силен, тој го заробува студениот воздух над поларните предели, но неговото сегашно слабеење отвора пат за промена на температурите во средните географски широчини. „Ова нарушување обично е предизвикано од ненадејно затоплување на стратосферата, што доведува до промена на притисокот и ротацијата на ветерот на големи надморски височини“, појаснуваат експертите. Прогнозите укажуваат дека…

Повеќе

Вчера околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници сопреле патничко возило кое го управувал З.Т.(33) од Скопје, во кое се наоѓале две малолетнички со кои се познавал од претходно, но не биле во никакви роднински врски. Тој е лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а службен разговор бил извршен и со двете малолетнички во присуство на родителите, бранител и стручен тим од Јавна установа- Меѓуопштински центар за социјални работи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски Емирати, Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и „Ал Мактум“ (DWC), од денеска се целосно парализирани. Властите ги прекинаа сите операции на неодредено време како директна последица на воената ескалација во регионот и иранските ракетни напади. „Аеродромите во Дубаи потврдуваат дека сите летови на Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Дубаи Ворлд Централ, Ал Мактум Интернешнл (DWC) се прекинати до понатамошно известување. На патниците им се советува да не доаѓаат на аеродромот во овој момент и директно да ги контактираат своите авиокомпании“, се вели во официјалното соопштение. Ситуацијата на терен е драматична, со силни детонации…

Повеќе

Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош била пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја, а со неа бил и П.С.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе