Author: Author 04

Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови. Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се јавува како странка во постапка пред Управниот суд. Царинската управа ги поддржува ваквите иницијативи кои претставуваат значаен чекор во процесот на дигитализација и модернизација на институциите, со што се овозможува поефикасна и посигурна комуникација меѓу институциите,…

Повеќе

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација. Отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и нуди беспрекорна поврзаност, со неограничен интернет секогаш и секаде, со вклучен роаминг интернет во сите пакети, со гигабитни оптички брзини и со ексклузивни попусти во Magenta Moments. „Ова не е само ново портфолио, туку сосема нов начин на поврзување на корисниците. Целта е да понудиме едноставно и безгрижно искуство коешто ќе биде неограничено, непречено и…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави импресивни податоци за реализацијата на капиталните проекти во првиот квартал од годината. За време на увидот во изградбата на пречистителната станица во Кучевишка Бара, тој истакна дека државата веќе реализирала околу 10 милијарди денари за капитални инвестиции. „Ова претставува околу 25 проценти од вкупниот број предвидени инвестиции за 2026 година, реализирани во првите два месеци и неколку дена од март. Со засилување на градежната динамика на пролет, очекуваме дополнителен раст на БДП и граѓаните конечно да ги почувствуваат ефектите од стабилизацијата на државата“, изјави Мицкоски.

Повеќе

Во текот на денешната посета на Општина Чучер Сандево и увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше запрашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител. Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието. „Денес ќе имаме владина седница и на таа владина седница ќе се дознае името на идниот јавен обвинител или обвинителка и ќе биде доставено до Парламентот“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Повеќе

Големиот христијански празник Велигден, кој вообичаено се одбележува во период на најубавите пролетни денови, може да се искористи и за инспиративна туристичка тура. Турција е интересна дестинација за такво патување, а причините не треба да се бараат само во живописните зелени пејзажи, туку и во богатото културно и историско наследство кое датира од раното христијанство, што длабоко се вкоренило во некои нејзини региони, на пример во градот Изник во Бурса, во Кападокија, но и во други места. Наведен на привремената листа на светско наследство на УНЕСКО, Изник беше посетен од папата Лав XIV на неговото прво патување во странство минатиот…

Повеќе

Вчера во 12:02 часот на магистралниот пат Дебар-Струга, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Дебар го лишија од слобода Н.А.(39) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека го управувал со изречена мерка „Забрана за управување со товарно возило“.  По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре, среда (11 март): Општина Карпош Општина Ѓорче Петров Населба Лисиче (Општина Аеродром) Населба Драчево (Општина Кисела Вода) Прекините се заради планирани технички интервенции во мрежата.

Повеќе

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, упати сериозно предупредување до амбасадорите на ЕУ во Брисел, тврдејќи дека конфликтот меѓу САД, Израел и Иран оди директно во корист на Владимир Путин. Според Коста, додека светот е фокусиран на Блискиот Исток, Русија ги собира плодовите на повеќе фронтови. Трите клучни придобивки за Москва според Коста:

Повеќе

Министерот за јавна администрација Горан Минчев се обрати на настанот на Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, кој се одржува во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во Република Македонија и Центарот за управување со промени. На настанот, министерот Минчев истакна дека инвестицијата во знаењето и професионалниот развој на јавните службеници е клучен предуслов за изградба на ефикасна, модерна и професионална јавна администрација која ќе биде во служба…

Повеќе

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска упати остри критики до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги дека свесно шират дезинформации за наводни мигрантски кампови во државата. Лефков истакна дека опозицијата продолжува со манипулации иако веќе добиле јасен демант од меѓународни фактори. „Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДС и натаму продолжуваат тврдоглаво, мислејќи дека ако повторуваат една лага 100 пати, таа ќе стане вистина. Наместо извинување, тие продолжуваат со деструкција“, изјави Лефков.

Повеќе