- МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
- ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
- Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
- Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка
- Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“
- Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг
- Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија
- 30-дневен притвор за четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петров
Author: Author 04
Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани беше примена закана за поставена експлозивна направа. По итно извршените антитерористички проверки од страна на полицијата, утврдено е дека станува збор за лажна дојава. Веднаш по добивањето на заканата, учениците и вработените беа евакуирани од објектот според сите безбедносни протоколи. МВР изврши детален преглед на зградата, по што е потврдено дека нема опасност. Во моментов, наставата и процедурите во училиштето се одвиваат под контрола на надлежните служби.
Средината на март носи неверојатен финансиски пресврт за три хороскопски знаци. По долг период на „стегање на ременот“, енергијата се менува во нивна корист, а парите ќе почнат да пристигнуваат од насоки кои воопшто не ги очекувале. Кој ќе ги наполни џебовите?
Предучилишната установа „Радост“ од Чачак се огласи со официјално соопштение откако петгодишно момче незабележано ја напуштило градинката „Бошко Буха“. Инцидентот се случил околу 10 часот наутро, кога групата излегувала во дворот, а воспитувачите забележале дека детето го нема. Среќна околност во оваа потенцијално опасна ситуација е што мајката на момчето сама ја известила градинката дека детето пристигнало безбедно на адресата каде што претходно живееле. Директорката Вера Јовановиќ нагласи дека најважно е што детето е неповредено и вети итна истрага за пропустите во безбедносниот систем.
Германското Министерство за надворешни работи денеска потврди дека персоналот на амбасадата во Багдад е привремено преместен од Ирак. Како што пренесува „Ројтерс“, одлуката е донесена поради енормно зголемените безбедносни ризици кои произлегуваат од тековниот конфликт на Блискиот Исток. Портпаролот на министерството истакна дека безбедноста на дипломатите се проценува континуирано, додавајќи дека конзуларните услуги веќе подолг период биле сериозно ограничени. Овој потег е јасен сигнал за сериозноста на ситуацијата во Ирак, каде германските власти стравуваат од директни напади врз западните претставништва како одговор на американско-израелските операции.
Министерството за здравство на Израел објави нови драматични податоци за бројот на жртви и повредени од почетокот на воената операција. Само во изминатите 24 часа, во израелските болници биле примени 191 лице, меѓу кои има и војници и цивили. Според официјалните податоци објавени од „Тајмс оф Израел“, вкупната бројка на хоспитализирани од почетокот на војната достигна 2.339 лица. Во моментов, 95 лица сè уште се на болничко лекување, од кои 11 се во сериозна состојба, додека едно лице е во критична фаза и се бори за живот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел нема намера да запре со воената операција против Иран. За време на состанокот со претставници на здравствениот систем, тој упати остра порака, нагласувајќи дека досегашните напади веќе нанеле катастрофални штети врз иранската воена структура. „Нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските. Нашата цел е да му помогнеме на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата, но на крајот на краиштата, тоа зависи од нив“, изјави Нетанјаху. Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако израелската воздушна одбрана пресретна иранска ракета над Тел Авив, додека втора падна во…
Американскиот претседател Доналд Трамп со последната објава на социјалната мрежа Truth ги крена глобалните тензии до точка на вриење. Тој упати досега најдиректна и најбрутална закана до Техеран, најавувајќи уништување од размери кои, според многу воени експерти, суптилно сугерираат употреба на неконвенционално, па дури и нуклеарно оружје. „Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од досега. Ќе уништиме цели што ќе го оневозможат Иран некогаш да се обнови како нација. Смрт, оган и бес ќе владеат над нив“, напиша Трамп. Ваквата реторика за „целосно оневозможување на обнова на нацијата“ доаѓа во момент кога американско-израелската воена операција се соочува со потешкотии…
Брутално насилство ја потресе белградската општина Вождовац откако обично недоразбирање во сообраќајот ескалираше во крвав инцидент. 55-годишниот М.Р. заврши во болница со убодни рани откако бил нападнат со ладно оружје по вербална расправија на паркинг. Според информации од истрагата, група мажи ги пресретнале возилата по расправија додека возеле, по што избила масовна тепачка. Ситуацијата станала критична кога еден од напаѓачите извадил нож и му нанел повреди на М.Р. во пределот на раката и ногата. Напаѓачите веднаш побегнале, а полицијата трага по нивниот идентитет.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во интервју за PBS NewsHour испрати јасна порака до Вашингтон – дипломатијата повеќе не е опција. По започнувањето на американско-израелските воени операции, Техеран ги тргна преговорите од својата агенда, нагласувајќи дека новиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи (син на убиениот ајатолах Али Хамнеи), допрва ќе ги соопшти своите чекори. Арагчи предупреди дека нападите врз американските бази во Заливот се одбранбен одговор. „Предупредивме дека ако САД нè нападнат, ќе мора да ги нападнеме нивните средства во регионот бидејќи не можеме да стигнеме до нивната територија. Војната сега се шири на целиот Близок Исток“, дециден е…
Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ е итно распореден во југоисточната покраина Малатија. Овој потег доаѓа како директен одговор на сериозните ракетни закани од војната во Иран, откако одбранбениот систем на НАТО во понеделникот пресретна втора балистичка ракета која навлезе во турскиот воздушен простор. Клучна улога во идентификацијата на двете ирански ракети имаше радарската база „Куреџик“, која обезбедува витални податоци за Алијансата. Турција порача дека ги подигнува своите одбранбени капацитети на највисоко ниво со цел зачувување на регионалниот мир и стабилност.
