Author: Author 04

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска на владиниот панел „Раст на економијата“ ги презентираше најновите економски показатели кои потврдуваат позитивен тренд во државата. Според неа, бројот на вработени во четвртиот квартал од 2025 година се зголемил за речиси 9.000 лица во споредба со претходната година. Клучен столб на овој раст е извозот, кој има најголем придонес во БДП, следен од градежништвото и преработувачката индустрија. „Две години по ред остваруваме резултати над планираното. Тоа ни обезбеди стабилност и постепено намалување на буџетскиот дефицит. Растот е поттикнат од државните инвестиции, но и од приватниот сектор на кој му благодарам за довербата“, истакна…

Повеќе

Форумот на жени на СДСМ денеска упати жесток напад до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, барајќи негова итна оставка по низата трагични настани поврзани со семејното насилство. Маја Борозан на прес-конференција порача дека неспособноста на институциите довела до непотребно губење човечки животи. Борозан потсети на трагедијата во Карпош, каде што животот го загубија мајка и малолетно дете, истакнувајќи дека МВР имало сознанија за дури 12 претходни пријави за насилство кои биле игнорирани. „МВР на Панче Тошковски имало сознанија и индиции за сериозен ризик, но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите. Дополнително, насилството врз жените се гони…

Повеќе

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (сабота, 07.03.2026 година), дел од корисниците во општина Центар ќе останат без напојување со електрична енергија. Прекинот ќе опфати дел од бул. „Партизански одреди“, поточно корисниците во зграда број 47.

Повеќе

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во недела и понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Повеќе

Вчера во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.А. (18) од Тетово. Тој се сомничи дека претходно, по кратка расправија на улица „173“ во Тетово, со остар предмет нанел тешки телесни повреди на С.Л.(23) од Тетово, констатирани во Клинички центар Тетово. Лицето е задржано во полициска станица, а увид извршила екипа од СВР Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска алармираше дека еден од најголемите предизвици во борбата против семејното насилство е повлекувањето на изјавите од страна на жртвите. Пред почетокот на тркалезната маса посветена на заштита на жените, тој нагласи дека жртвите не смеат да се обвинуваат за ова, бидејќи најчесто се под директен притисок на насилникот. Тошковски најави дека институциите мора да најдат начин за поефикасна координација во рамките на постојната регулатива. „Мораме да најдеме решение 24/7 системот да одговори не само од аспект на МВР, туку и преку центрите за социјални работи, Обвинителството и Судот. Првичната тема што ја отвораме…

Повеќе

Хартиените здравствени книшки и купиштата документација наскоро заминуваат во историјата. Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ги презентираше измените на Законот за евиденциите во здравството, со кои се предвидува целосна дигитализација на системот. Електронското здравствено досие станува централен извор на податоци за секој пациент. Според Алиу, граѓаните ќе имаат директен пристап до своите прегледи, резултати и рецепти преку мобилна апликација или веб-портал. „Нашата цел е здравствените податоци да се водат модерно, безбедно и поврзано. Хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, при прекин на системот. Телемедицинските услуги исто така добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи“, истакна…

Повеќе

Утрово во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ф.Ј.(42) од Куманово. Тој бил осуден на пет години затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница за доиздржување на четири години и седум месеци од казната. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Повеќе

Вчера околу 12:20 часот на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано „Крбла“, атар на село Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од село Жван, демирхисарско, излетало од патот. -Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, велат од МВР. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

Повеќе

Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец. Зошто сега не го смените името? Зошто сега не го направите тој чекор? Излезете и покренете иницијатива во Собранието. Вие знаете тоа многу лесно да го направите, во еден ден – исто како што го сторивте со декретот за забрана на говор, се вели во соопштението о на СДСМ од денешната прес-конференција на Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Но кажете ѝ…

Повеќе