- Филипче: Мицкоски и Сиљановска признаа, Преспанскиот договор не го загрозил македонскиот идентитет
- Филипчe: Прегледувам пациенти секој ден, а еднаш неделно влегувам во операциона сала
- ВИДЕО: Протестираа за правосуден испит, на крајот се испотепаа
- Кумановец оштетил возило на сограѓанин по физичка пресметка
- ЕУ регистрира зголемување до речиси 30 отсто на вратените странци без право на престој
- Паника во Белата куќа, се појавија илјадници пчели
- Ристов: Идејата за анализата на блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена на струјата
- Високи членови на ДУИ на протестот на студентите Албанци
Author: Author 04
Руските сили извршија 376 напади врз 14 населени места во Запорошката област во текот на изминатите 24 часа, при што беа повредени четири жени и оштетени бројни станбени и инфраструктурни објекти. Во исто време, Украина беше погодена од масовен напад од германски беспилотни летала во текот на ноќта, при што беа регистрирани експлозии во Киев и во близина на хемиска фабрика во Павлоград. – Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 376 напади врз 14 населени места во Запорошката област. Четири жени беа ранети во напад врз Полоховската област – изјави началникот на воената администрација на Запорошката област,…
Вчера во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, дигитална вага, ќеса со семки од канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против…
Вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П. (66) од Охрид. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања изминатите 30 години ја доведа администрацијата во ваква состојба, да биде нефункционална, гломазна, бавна и неефикасна, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, најавувајќи ги новите пакет закони за усовршување и професионализација на државните службеници. Како што истакна Минчев по потпишувањето на Меморандумот за соработка со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, Владата е силно посветена на департизацијата на администрацијата, но и на нејзино рационализирање што е и обврска на државата за ќленство во ЕУ. -Донесовме пакет од четири закони кои ги сметаме за чекор напред кон реформите на администрацијата. Еден од нив, за академијата,…
На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад. – Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија. Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја зголемува безбедноста на пациентите и ја подобрува ефикасноста на хируршките интервенции, вели министерот за здравство, Азир Алиу.Оваа иновативна метода претставува напредна техника која овозможува визуелизација на крвниот проток во реално време за време на операцијата.- Со примена на контрастно средство, хирурзите можат прецизно да ја…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска. Бистата била зацврстена со анкери, при што тие…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршел кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 47-годишник, во дворот на куќата во селото Ајватовци, под фолија насадил и одгледувал осум растенија канабис. При претрес на 16 септември, полицијата пронашла пет растенија засадени во земја и три во кофи, во свежа состојба и со поединечна висина од 100-260 сантиметри. Исто така, во собата во која спиел, тој направил комора – импровизирана просторија за…
Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството издаде наредби за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица.…
Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на IHA и Eurelectric што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде со висок удел ќе учествуваат и централите на ветер и сонце. „Парискиот завет“ веќе има над 50 потписници и бара ЕУ и владите да донесат мерки што ќе го направат долготрајното складирање исплатливо и брзо остварливо. Се предлага посебна европска иницијатива за складирање со јасно разграничување на долготрајно и краткотрајно складирање во законите, а целта е да се „отклучи“ реализација на речиси 35 GW нови ПАХЕ-проекти и да се…
Неoфицијално од синоќа се спроведува и се уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина, пишува Курир. Неофицијално, меѓу приведените биле и актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча…
