Author: Author 04

Првиот заменик премиер и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со пензионерите од оваа општина, потенцирајќи ја исклучителната важност што тие ја имаат за општеството во земјата, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. “Имам особено задоволство да се сретнам со луѓето кои целиот свој живот го посветиле на изградбата на нашето општество. Тие заслужуваат најголема почит и поддршка“, изјави Меџити. Тој потврди дека Владата, за помалку од една година, успеала да ги зголеми пензиите за вкупно 7.000 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на економските услови на…

Повеќе

Вчера во 16:30 часот  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Е. (39) од село Романовце, кумановско  затоа што  на улицата „ Илинденска“ во Куманово се заканувал со огнено оружје  кон Е.С. (22) од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат Ф.Ш.(79), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Повеќе

Ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Владата на денешната 114 редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура- Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited (CI)). Со овој Договор за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура- Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и товарен железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот…

Повеќе

Бележиме раст од 6,1 % во секторот транспорт, што говори дека оваа индустрија се развива, но исто така говори дека се уште има простор за раст и развој. Преземаме краткорочни и долгорочни мерки што ја олеснуваат вашата работа, но реализираме и големи крупни капитални проекти кои директно влијаат врз развој на транспортниот сектор, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешниот состанок со транспортерите. Планот на Владата, како што потенцираше вицепремиерот Николоски е да се искористи позицијата на Македонија како стратешка крстосница во регионот. “Идејата е да Македонија да го искористи потенцијалот кој што го има како…

Повеќе

Превозниците укажуваат на импликациите од најавените нови правила за патување во Европската унија и повторно апелираат да им се овозможат повеќе денови за престој во шенген-зоната, а престојот да се пресметува во часови, а не во денови. На денешната средба на превозниците, организирана од Макам-транс, беше соопштено дека недостигаат 15 -16 000 возачи и оти им се потребни бенефици, со поголемо даночно олеснување за дневниците, како и увоз на возила без плаќање на ДДВ. Државните претставници, пак, порачаа дека превозниците се основен двигател на бизнисот и оти идниот раст на секторот Транспорт и логистика, што во вториот квартал забележа пораст…

Повеќе

Експлозија одекнала на пазар во турскиот град Демре, при што се повредени неколку лица, објави локалниот новински портал Анталија Хакинда. Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, се вели во извештајот. Турските екипи за итни случаи брзо се упатиле кон местото на настанот откако добиле пријави за повредени, пренесуваат тамошните медиуми.

Повеќе

Двомесечно бебе почина во Апокоронас, објавија грчките медиуми. Според последните информации, родителите на бебето, фински брачен пар, ја предизвикале смртта на новороденчето со тоа што го давиле бебето додека спиело. Поточно, брачниот пар присуствувал на свадба во саботата навечер и го успале бебето меѓу себе, што резултирало со случајно удирање. Се забележува дека двајцата наводно консумирале алкохол. Обдукцијата утврдила дека смртта на детето настапила од задушување. Родителите биле изведени пред обвинителот и биле пуштени на слобода во недела наутро, додека против нив е покрената кривична постапка.

Повеќе