Author: Author 04

Вчера во 22:05 часот Е.К.(23) од Скопје пријавила во полиција дека околу 20:40 часот, додека седела во угостителски објект на подрачјето на Центар, малолетно лице кое управувало електричен тротинет ѝ одзело чанта со паричник и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и наставниците, повторно брзо ќе се реагира и тие ќе учат онлајн. Но, засега, рече, нема опасност. „Учениците од четирите училишта во Трубарево од денеска се со физичко присуство. Доколку Министерството за животна средина или Министертсвото за здравство нè информираат за…

Повеќе

Бројот на жртви од ужасниот масакр во Виена се зголемуваЌерката чиј српски татко Н. М. (44) ја застрелал мајка си во глава, а потоа се самоубил, починала од повредите, објавува „Хојте“. Лекарите со денови се бореле да ја спасат ќерката на човекот кој ја застрелал својата сопруга во Виена, објавува австрискиот портал. По ужасниот масакр во виенскиот округ Леополдштат, трагедијата однесе уште една жртва. 24-годишната ќерка, која беше застрелана од нејзиниот татко, почина од сериозни повреди во Општата болница во Виена. Таа почина во четврток навечер. Со ова, бројот на жртви се искачи на три: 44-годишен маж наводно ги застрелал…

Повеќе

СДС повторно шири невистинити и обиди за манипулација со лозарите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС сега глуми загриженост,  а токму тие во нивното владеење не понудија  ниту еден  оддржлив модел за откуп на грозје. Граѓаните знаат дека токму во времето на СДС и нивните ниски откупни цени, останаа насобрани милиони килограми винско грозје. За разлика од празните зборови и манипулациите на СДС, резултатите на терен говорат доволно јасно. Од СДС треба да се запознаени дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во нивно време. За разлика…

Повеќе

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека резултатите од спроведеното мерење на квалитетот на воздух во Трубарево, на 13-ти и 14-ти септември, по пожарот во складот на „Ф-Групација ДООЕЛ“ покажуваат значително надминување на дозволените граници за „PM10“ чистички, олово, кадмиум и арсен, како и дека биле измерени високи концентрации на честички и тешки метали. Во соопштението се наведува дека на 18-ти и 19-ти септември, исто така, било спроведено тековно мерење на квалитетот на воздух кое покажува дека моментално нема надминување на граничните вредности и дека концентрациите на „PM10“ честички се во рамки на дозволените граници за заштита на…

Повеќе

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп. Во текот на 2025 година, двајца вработени во осомниченото правно лице и полициски службеник формирале група…

Повеќе

По контроверзната изјава на министерката за јавни набавки, која е создадена со вештачка интелигенција, дека се чувствува „повредена“ што ја нарекле „неуставна“, изби хаос во албанскиот парламент. Пратениците од опозицијата почнаа да фрлаат шишиња и хартии кон премиерот Еди Рама. На 11 септември, Албанија го назначи својот прв министер за вештачка интелигенција, кој е задолжен за јавните набавки и тендери. Оваа одлука беше проследена со остри реакции и критики од опозицијата, која смета дека ваквиот потег е неуставен и недемократски.

Повеќе

Вчера во 23:30 часот во СВР Скопје, И.Ш.(23) од село Танушевци, скопско, пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет, информираа од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“. -СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации, се наведува во соопштението од Владата. Фактите се едноставни и непобитни, велат од Владата и посочуваат дека ова е првпат во историјата на нашата…

Повеќе

Денес министерот за правда Игор Филков во Валета, Малта, каде во рамки на малтешкото претседателство со Советот на Европа се одржува конференцијата на министри за правда, го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја. Со тоа нашата држава е една од првите кои пристапија кон протоколот со што јасно ја искажа својата определба активно да придонесува и учествува во заедничката борба против криминалот кој не познава граници. Овој протокол овозможува директна електронска комуникација преку обезбедени канали што ќе ја забрза и поедноставни меѓусебната меѓународна соработка, а се овозможуваат и видео конференции кои ќе ги елиминираат трошоците за патувања…

Повеќе