Author: Author 04

Конфликтите на Блискиот Исток влегоа во својот седми ден, а иранските, но и израелско-американските сили започнаа нови бранови ужасни напади. Синоќа низ Либан се слушнаа серија експлозии, а сирените за воздушен напад одекнуваа во Израел. Немирно беше и во Техеран, каде што израелските сили извршија нови бранови напади. Еден таков инцидент се случи за време на преносот во живо, па еден ирански телевизиски новинар беше принуден да побара засолниште. На видеото што се шири на мрежите, се гледа како новинарот известува од главниот град, а во следното, снимателот ја спушта камерата и почнува да трча. „Пукаат! Сега! Тука! Само што…

Повеќе

ЦУК утрово соопшти дека вчера во тешка сообраќајна несреќа на 52-годишна возраст загинал нивен колега.„На 05.03.2026 година, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, прерано нè напушти нашиот драг колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола. Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството Бучукоски. Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за актуелното зголемување на цените на бензинот во САД, кое се појави како директна последица од конфликтот со Иран. Според него, воениот и политичкиот контекст на операцијата имаат многу поголема тежина од привремените пазарни осцилации. Во интервју за „Ројтерс“, Трамп нагласи дека очекува брзо стабилизирање на пазарот веднаш по завршувањето на воените дејствија. „Немам никакви грижи за тоа. Тие ќе се намалат многу брзо кога ова ќе заврши, а ако се зголемат, ќе се зголемат, но ова е многу поважно од мало зголемување на цените на бензинот“, изјави претседателот на САД.…

Повеќе

Претседателката на институциите во Приштина, Вјоса Османи, денеска објави дека потпишала указ за распуштање на Собранието. Одлуката следува откако пратениците синоќа не успеаја да обезбедат кворум за избор на нов претседател, со што се активираа уставните механизми за нови избори. Османи на прес-конференција истакна дека неуспехот на Собранието да ја изврши својата обврска во законскиот рок ја наметнал оваа институционална реалност. „Уставот јасно предвидува дека Собранието кое не успее да избере претседател не може бесконечно да го одложува процесот, како што се обидува, туку се соочува со јасен уставен механизам што води до негово распуштање. Фактот дека Собранието одлучи да…

Повеќе

Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран во саботата, животот го загубија најмалку 192 деца ширум регионот, соопшти денеска УНИЦЕФ. Најголем дел од жртвите се регистрирани во Иран, каде воените дејствија оставија пустош во густо населените места. Според податоците на организацијата, 181 дете е убиено во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно дете во Кувајт. Од УНИЦЕФ испратија остра порака до завојуваните страни: „Децата не започнуваат војни, но плаќаат неприфатливо висока цена за нив. Воената ескалација низ Блискиот Исток веќе има разорно влијание врз децата“, соопштија од организацијата. Додека меѓународните организации алармираат за хуманитарна катастрофа, воените дејствија…

Повеќе

Иранската Црвена Полумесечина (IRCS) објави извештај за штетите предизвикани од американските и израелските напади, според кој во земјата се оштетени повеќе од 3.000 станбени објекти и 500 трговски центри. Најголеми разурнувања се забележани во главниот град Техеран. Според хуманитарната организација, цел на нападите биле објекти лоцирани во густо населени подрачја, а оштетувања претрпеле и 14 медицински и фармацевтски центри. „Повеќето од целите на нападите биле во густо населени области“, соопшти Црвената Полумесечина, додавајќи дека меѓу повредените има и петмина нивни хуманитарни работници. На списокот на оштетени објекти се наоѓаат неколку болници, пазарот во Техеран, аеродромот „Мехрабад“, како и познатиот стадион…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп, во ексклузивно интервју за „Ен-би-си“, порача дека неговата администрација цели кон целосна промена на власта во Иран. Трамп откри дека веќе има неколку потенцијални кандидати за нов ирански лидер и дека САД преземаат конкретни мерки за нивна заштита додека траат воените дејствија. „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, изјави Трамп во телефонски разговор, нагласувајќи дека не сака процесот на обнова на земјата да трае со децении. Во дополнително интервју за „Аксиос“, претседателот на САД беше уште подиректен околу својата улога во иднината на Техеран: „Сакаме тие да добијат добар лидер. Имаме неколку луѓе за кои…

Повеќе

Христијан Мицкоски по секоја цена го брани Панче Тошковски, дури ги обвинува и жртвите на семејно насилство, велат од СДСМ. „Пријавете“ им вели Мицкоски бранејќи го Панче. Демек до пријавите било. 12 пријави имало за случајот во Карпош каде животот го загубија мајка и дете. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство. И МВР и Панче Тошковски што направиле? Имале сознанија и индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите. Дополнително, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност. МВР потфрли и…

Повеќе

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде минатата година животот го загубија 63 лица, денеска продолжи со сослушување на соработници на бендот ДНК. ПР менаџерот Васко Спасовски пред судот појасни дека не бил присутен во кобната ноќ, а за трагедијата дознал од социјалните мрежи во раните утрински часови. Во своето излагање, тој ги опиша улогите на членовите на бендот, нагласувајќи дека Панчо бил „мотор на групата“, додека другите биле задолжени за техничките аспекти. Посебен акцент беше ставен на употребата на пиротехнички средства, кои се сметаат за причина за пожарот. Спасовски пренесе информации од негов разговор со поранешниот менаџер Денис…

Повеќе

Франција „привремено“ им дозволи на американските воздухопловни сили да ги користат нејзините воени бази на Блискиот Исток, во ек на конфликтот меѓу САД и Израел против Иран. Оваа информација за агенцијата АФП ја потврди францускиот Генералштаб, нагласувајќи дека мерката е дел од соработката со Вашингтон. Портпаролката на штабот појасни дека присуството на американските летала е со цел заштита на партнерите во Заливот. Според официјалното соопштение: „Како дел од нашите односи со САД, присуството на нивните авиони е привремено одобрено во нашите бази во регионот. Овие авиони придонесуваат за заштита на нашите партнери во Заливот“. Претседателот Емануел Макрон најави распоредување на…

Повеќе