Author: Author 04

Хартиените здравствени книшки и купиштата документација наскоро заминуваат во историјата. Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ги презентираше измените на Законот за евиденциите во здравството, со кои се предвидува целосна дигитализација на системот. Електронското здравствено досие станува централен извор на податоци за секој пациент. Според Алиу, граѓаните ќе имаат директен пристап до своите прегледи, резултати и рецепти преку мобилна апликација или веб-портал. „Нашата цел е здравствените податоци да се водат модерно, безбедно и поврзано. Хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, при прекин на системот. Телемедицинските услуги исто така добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи“, истакна…

Повеќе

Утрово во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ф.Ј.(42) од Куманово. Тој бил осуден на пет години затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница за доиздржување на четири години и седум месеци од казната. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Повеќе

Вчера околу 12:20 часот на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано „Крбла“, атар на село Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од село Жван, демирхисарско, излетало од патот. -Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, велат од МВР. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

Повеќе

Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец. Зошто сега не го смените името? Зошто сега не го направите тој чекор? Излезете и покренете иницијатива во Собранието. Вие знаете тоа многу лесно да го направите, во еден ден – исто како што го сторивте со декретот за забрана на говор, се вели во соопштението о на СДСМ од денешната прес-конференција на Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Но кажете ѝ…

Повеќе

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска презентираше нови податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат позитивен тренд на македонскиот пазар на труд. Според него, економските политики на власта даваат видлив резултат преку континуиран раст на вработеноста во последните шест квартали. Стојаноски истакна дека бројот на вработени граѓани се искачил на над 709 илјади, што е пораст за 18.000 лица во споредба со претходниот период кога оваа бројка изнесувала 691 илјада. „Ова е јасен показател дека економските политики даваат резултат и дека економскиот раст се претвора во реални можности за работа и подобар стандард за граѓаните. Паралелно со растот на…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска упати жестоки критики до поранешното раководство на СДСМ, обвинувајќи ги Зоран Заев и Венко Филипче дека со своите политики ја оддалечиле државата од демократските стандарди. Според него, претходната власт создала „хибриден режим“ со карактеристики слични на оние во Русија и Белорусија. Лефков како клучни примери ги наведе контроверзните ликови Онишченко и Борче Марковски, за кои тврди дека биле блиски соработници на Путин и Лукашенко, а на кои СДСМ им овозможила влез во земјата. „Онишченко и Борче Марковски, кои се блиски соработници до Путин и Лукашенко, се лица кои власта на СДС, Заев…

Повеќе

Европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц, во интервју за БГНЕС упати децидна порака дека уставните измени се услов за кој не може да се преговара доколку земјата сака да напредува на патот кон ЕУ. Тој нагласи дека има јасна комуникација со македонската Влада дека исполнувањето на овој критериум е неопходно и дека преговарачката рамка не подлежи на промени. „Во тој поглед, сите сме на иста позиција. Уставните измени се услов. Тоа не подлежи на преговори. Ако нема исполнување на тие критериуми и услови, нема да има напредок на патот кон пристапување. Многу би жалел за тоа и сите сме…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. Во фокусот на разговорите беа актуелните безбедносни предизвици и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Мицкоски упати порака на поддршка до Катар со оглед на ескалацијата на воениот конфликт во регионот. „Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката“, објави премиерот Мицкоски. Двајцата соговорници ја потврдија заложбата за натамошно зајакнување на…

Повеќе

Кликни безбедно“ – чекор кон побезбеден интернет за нашите деца Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денес, на покана на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, присуствуваше на промотивното прикажување на едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. Станува збор за едукативна содржина наменета за најмладите, која на едноставен, разбирлив и близок начин ја доближува важноста на дигиталната писменост, како и потребата од безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот, рече Ѓорѓиевски. „Во време кога децата сè порано влегуваат во дигиталниот свет, наша заедничка обврска е да создадеме средина во која…

Повеќе

Министерот за правда , Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ. На средбата беше потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција. Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Црна Гора и Република Северна Македонија, при што беше оценето дека односите меѓу двете држави ги карактеризираат пријателство, меѓусебна доверба и континуирана поддршка во области од заеднички интерес. Министрите се осврнаа и на досегашните…

Повеќе