Author: Author 04

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена. Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов.

Повеќе

Вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.Џ.(39) од Прилеп. По претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и други предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 11:40 часот во СВР Охрид, Г.Н. (60) пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од неговиот син, кој при нападот употребил нож. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија влегува во својата финална и најинтензивна фаза. На состанокот во Софија меѓу бугарскиот министер за транспорт Корман Исмаилов и амбасадорката Агнеза Руси Поповска, беше потврдено дека 2030 година е крајниот рок кога возовите ќе почнат да сообраќаат по Коридор 8. По ратификацијата на договорот за изградба на заедничкиот прекуграничен тунел, веќе се формира Заеднички комитет кој ќе го координира овој историски проект. Додека Бугарија веќе распишува тендери за делницата од Ѓуешево до границата, на македонска страна работите напредуваат – веќе е пробиен и последниот од 15-те тунели на делницата Бељаковце-Крива Паланка.

Повеќе

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ѓ.Љ.(44) од село Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Кај место викано „Црвена Вода“ помеѓу селата Новак и Коџаџик, тој неовластено присвоил државно земјиште и спротивно на Законот за градење и без дозвола за градење изградил објект за домување.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп извојува важна политичка победа во Вашингтон, откако Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на неговите воени овластувања во конфликтот со Иран. Со 53 гласа „против“ и 47 „за“, сенаторите го отфрлија предлогот на демократот Тим Кејн, со кој се бараше итен прекин на сите непријателства кои не се одобрени од Конгресот. Иако лидерот на демократите, Чак Шумер, жестоко обвини дека Трамп ја втурнал Америка во војна без јасен план и овластување, републиканското мнозинство застана зад претседателот. Изненадување на гласањето беше демократот Џон Фетермен кој гласаше „против“ резолуцијата, додека републиканецот Ранд Пол ја поддржа иницијативата за…

Повеќе

Вистинска драма се одвивала на улиците во Будва кога рутинска сообраќајна контрола прераснала во физичка пресметка. 29-годишниот турски државјанин Ц.У.Г. и 26-годишната А.С. од Казахстан, двајцата со привремен престој во Црна Гора, брутално нападнале полициски службеник додека се обидувал да ги легитимира. Според полициското соопштение, Турчинот почнал да го удира полицаецот со тупаници во пределот на градите и главата. Додека службеникот се обидувал да го совлада напаѓачот, девојката од Казахстан физички го попречувала, влечејќи го полицаецот за униформата и рацете. Напаѓачот е веднаш лишен од слобода и му е одреден притвор под сомнение за напад врз службено лице.

Повеќе

Европската комисија испрати смирувачки пораки во врска со потенцијалната мигрантска криза како последица на конфликтот во Иран. Еврокомесарот за миграција, Магнус Брунер, по серијата разговори со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, потврди дека засега нема знаци за масовно движење на луѓе кон европските граници. Според Брунер, ситуацијата внимателно се следи во координација со партнерите од Блискиот Исток. „Сè уште не се забележани значајни движења на надворешните граници на Иран“, изјави тој, додавајќи дека ЕУ е во постојан контакт со меѓународните организации за да се спречи какво било изненадување. Брисел останува на ставот дека капацитетите за мониторинг се на…

Повеќе

Нов опасен фронт се отвора на Кавказот откако Министерството за надворешни работи на Азербејџан денеска упати директно обвинување до Техеран за напад со беспилотни летала врз енклавата Нахчиван. Според официјалните соопштенија од Баку, еден дрон удрил во близина на локалниот аеродром, додека вториот паднал во непосредна близина на училиште, при што се повредени двајца цивили. Азербејџанскиот државен врв најостро го осуди овој инцидент, нарекувајќи го грубо кршење на меѓународното право. Иако Иран засега молчи и не признава одговорност, воените аналитичари предупредуваат дека нападите на Техеран стануваат сè понепредвидливи како што напредува војната со САД и Израел, вовлекувајќи ги и соседните…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп, на тркалезна маса во Белата куќа, упати досега најсилни пофалби за тековната воена операција против Иран, позната како „Епски бес“. На прашањето како би ја оценил изведбата на американската војска на скала од 1 до 10, Трамп без двоумење одговорил: „Околу 15!“. Според него, брзата воена акција спречила катастрофален сценарио. Трамп тврди дека доколку САД не интервенирале, Техеран ќе поседувал функционално нуклеарно оружје во рок од само 14 дена. „Ние сме во многу добра позиција, ова е одличен приказ на воена моќ“, порача претседателот, додавајќи дека иранското раководство „брзо исчезнува“ под ударите на коалицијата.

Повеќе