- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
Author: Author 04
ОВЕН Денешниот ден ви носи долгоочекувано внатрешно олеснување. Иако околу вас нема спектакуларни промени, притисокот кој долго го чувствувавте конечно попушта. Време е за планирање на големи цели, но со емотивна стабилност и без непотребно брзање. БИК Вашиот оптимизам денес доаѓа преку социјализација. Еден обичен разговор или случајно слушната идеја може целосно да ви ја промени перспективата за некој проблем кој ве загрижувал. Мал збор денес за вас ќе има огромно значење. БЛИЗНАЦИ Денес се чувствувате сигурно и фокусирано. Вашите напори, особено оние поврзани со финансиите, почнуваат да покажуваат потенцијал за раст. Оптимизмот ви е практичен – размислувајте за големи…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика вистински земјотрес во меѓународната дипломатија со изјавата дека членките на Алијансата фундаментално ја поддржуваат операцијата на Доналд Трамп за уништување на нуклеарниот и ракетниот арсенал на Иран. Иако официјално НАТО не е вклучен, Руте откри дека сојузниците обезбедуваат „клучна помош“ за американско-израелската кампања. Веднаш по интервјуто на Руте за Newsmax, се огласи и претседателот Трамп на својата мрежа „Truth Social“, упатувајќи јавни благодарам до, како што го нарече, „големиот генерален секретар“. Руте потенцираше дека Техеран е постојана закана за Европа, потсетувајќи на заговорите за атентати врз иранската дијаспора во европските метрополи.
Легендарниот пејач Харис Џиновиќ остана без своето најдраго место од детството. Неговата родна куќа на Башчаршија, каде што израснал со мајка му и тетка му, повеќе не постои. На местото каде што некогаш се слушала песна и каде познатиот пејач ги направил првите чекори, денес се наоѓа луксузен ресторан. Пријателите и соседите со носталгија се потсетуваат на „градското дете“ Харис. Неговиот прв менаџер, Садик Пашиќ Паја, открива дека куќата била мала, но во неа секогаш имало живот. „Беше тешко да се докажеш како вистински Сараевчанец, чаршијата не покажуваше милост кон никого“, вели Паја, додавајќи дека денешното Сараево е многу поразлично…
Иранскиот генерал Киомарс Хејдари упати остра порака до Вашингтон, нагласувајќи дека Иран е подготвен за војна без оглед на нејзиното траење. Хејдари, кој е заменик-командант на Централната команда „Хатам ал-Анбија“, изјави дека иранските сили нема да сопрат сè додека не им нанесат „тешки удари“ на Соединетите Американски Држави. „Не ни е грижа колку дена ќе трае оваа војна“, порача генералот преку агенцијата „Тасним“. Тој потсети на осумгодишната војна од 1980-тите, велејќи дека Иран има искуство со долготрајни судири и дека војната ќе заврши само кога непријателот ќе ја изгуби сета надеж за својот „срамен чин“.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва има најголема причина за славење. Како што пренесе 24инфо, во неговото семејство пристигна нов член – син! Ова е прво машко дете за министерот, кој веќе е горд татко на две ќерки.
Белата куќа ги објави главните цели на воената кампања против Иран, насловена како „Епски бес“. Портпаролката Каролин Ливит потврди дека примарни мети се иранската морнарица, нуклеарната програма, балистичките ракети и прекинувањето на поддршката за сојузниците во регионот. Иако засега нема план за испраќање копнени трупи, Вашингтон предупредува дека нападите ќе се интензивираат. Генералот Ден Кејн најави дека американските сили ќе почнат да извршуваат удари сè подлабоко во внатрешноста на иранската територија. „Имаме резерви на оружје на места за кои светот дури и не знае“, порача Ливит, нагласувајќи дека САД се подготвени за долготрајна војна.
Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје, У.Ш.(65) од Скопје пријави дека околу 18:55 часот пред објект на подрачјето на општина Аеродром дошле две лица, од кои едното му се заканило со остар предмет, но не му било одземено ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска упати драматичен апел до израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху, барајќи од него да не наредува копнена офанзива против Хезболах. Макрон преку платформата „Икс“ порача дека сегашната стратегија на ескалација претставува „голема грешка“ која го загрозува мирот во целиот регион и повика на итен прекин на огнот. Покрај разговорот со Нетањаху, Макрон стапил во контакт и со либанскиот државен врв, нагласувајќи дека нападите на Хезболах врз Израел мора веднаш да престанат. Франција вети дека со своите партнери ќе продолжи да ги поддржува либанските вооружени сили за да можат да ја преземат контролата и да ја елиминираат заканата…
Жените родени во знаците на Рак, Девица и Јарец се подготвуваат за најневеројатниот 8-ми март досега! Оваа 2026 година, празникот нема да биде само симболично цвеќе и честитки, туку момент на големо признание за сиот нивен труд, трпение и тивки жртви низ годините. За овие три дами доаѓа емоционална награда која „го загрева срцето“. Без разлика дали станува збор за искрено „благодарам“ од партнерот, признание во семејството или потврда на работното место, овие жени конечно ќе се почувствуваат видени и вреднувани. Чувството на олеснување и потврдата дека ништо не било залудно ќе им донесе нова перспектива и внатрешен мир.
Премиерот Христијан Мицкоски утре (четврток) во 12:15 часот ќе присуствува на проширување на производните капацитети на метални конструкции и делови на конструкции на Друштво за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип.
