Author: Author 04

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека околу 400 пожарникари ангажирани преку општините, не добиле плата. Таа истакна дека овие лица, кои во август беа примени со ветување за месечен надоместок од 24.000 денари, обуки и можност за трајно вработување, до денес, заклучно со 17 септември, сè уште немаат добиено ниту една плата. Според информациите, исплатата е блокирана поради изборниот процес бидејќи станува збор за вонредно плаќање, што ги остава младите пожарникари без заработка, а граѓаните без целосна заштита во време на пожари и еколошки катастрофи. Кузеска нагласи дека овој случај ја покажува потребата од системски решенија…

Повеќе

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста, соопшти УХМР. Мининалната утринска температута ќе биде во интервал од 5 до 17, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени.

Повеќе

Илјадници луѓе во Берлин мораа да бидат евакуирани од своите домови откако во четвртокот во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна. Полицијата постави безбедносен „прстен“ од 500 метри во густо населен дел од градот, соопшти берлинската полиција.Како дел од евакуацијата, полициски екипи ги посетија куќите и становите за да ги предупредат жителите дека мора привремено да се преселат од безбедносни причини. Полицијата соопшти дека бомбата ќе биде деактивирана денес, кога нуркачите ќе можат да извршат подетален преглед. Бомбата е четири метри под вода и е покриена со кал и слуз, што ја комплицира операцијата, рекоа тие.…

Повеќе

Нема да се зголеми цената на лебот, рече денеска претседателот на ССК Горан Ѓорѓиевски. Како што истакна на прес-конференција, стабилна е цената на пченицата, а нема да има големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не е за замрзнување маржи, туку за пазарно формирање на цените. Според него, треба доследно да се применува Законот за нефер трговски практики. Во однос на минималната плата, пак, Ѓорѓиевски потенцира дека мора да има одржлив баланс кога се работи за платите. Покачувањето на минималната плата влијае на…

Повеќе

Руските сили извршија 376 напади врз 14 населени места во Запорошката област во текот на изминатите 24 часа, при што беа повредени четири жени и оштетени бројни станбени и инфраструктурни објекти. Во исто време, Украина беше погодена од масовен напад од германски беспилотни летала во текот на ноќта, при што беа регистрирани експлозии во Киев и во близина на хемиска фабрика во Павлоград. – Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 376 напади врз 14 населени места во Запорошката област. Четири жени беа ранети во напад врз Полоховската област – ​​изјави началникот на воената администрација на Запорошката област,…

Повеќе

Вчера во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, дигитална вага, ќеса со семки од канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против…

Повеќе

Вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П. (66) од Охрид. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.

Повеќе

Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања изминатите 30 години ја доведа администрацијата во ваква состојба, да биде нефункционална, гломазна, бавна и неефикасна, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, најавувајќи ги новите пакет закони за усовршување и професионализација на државните службеници. Како што истакна Минчев по потпишувањето на Меморандумот за соработка со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, Владата е силно посветена на департизацијата на администрацијата, но и на нејзино рационализирање што е и обврска на државата за ќленство во ЕУ. -Донесовме пакет од четири закони кои ги сметаме за чекор напред кон реформите на администрацијата. Еден од нив, за академијата,…

Повеќе

На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад. – Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија. Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја зголемува безбедноста на пациентите и ја подобрува ефикасноста на хируршките интервенции, вели министерот за здравство, Азир Алиу.Оваа иновативна метода претставува напредна техника која овозможува визуелизација на крвниот проток во реално време за време на операцијата.- Со примена на контрастно средство, хирурзите можат прецизно да ја…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска. Бистата била зацврстена со анкери, при што тие…

Повеќе