Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Случај „Онкологија“: Клисаровска откри страшни пропусти – лекарите не биле консултирани за лекови, терапија се препишувала „на своја рака“

    Случај „Онкологија“: Клисаровска откри страшни пропусти – лекарите не биле консултирани за лекови, терапија се препишувала „на своја рака“

    03.03.2026 во 15:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешната в.д. директорка на Универзитетската клиника за онкологија, Виолета Клисаровска, денеска сведочеше за фрапантни недостатоци во работењето на оваа институција во периодот пред нејзиното именување. Таа пред судот откри дека затекнала хаотична состојба во која немало утрински состаноци, а препишувањето на скапата терапија било индивидуално, наместо преку стручен конзилиум.

    „Сметав дека тоа не смее да биде така. Уште во првите денови покренав постапка за формирање онколошки конзилиум за да има групна одлука за лековите од условниот буџет“, истакна Клисаровска. Таа додаде дека суштинскиот проблем и „голgotaта на Онкологија“ започнала кога Министерството за здравство почнало да планира двегодишни тендери без воопшто да го консултира стручниот колегиум за потребите и количините на лековите.

    Клисаровска потврди дека при претресот во канцеларијата на обвинетиот Нино Васев биле пронајдени лекови од условниот буџет, но и дека при нејзиното доаѓање затекнала енормни долгови и нееднаква исплата кон добавувачите, состојби кои се обидела системски да ги надмине.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.