Author: Author 04

Времето утрово е ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени. Според прогнозата на УХМР, во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.

Повеќе

Вчера во 15:55 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, од приватна болница во градот е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 46-годишниот М.А. од Република Турција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар – Кичево. Се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 20:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола–с.Маково, мотоцикл управуван од 14-годишна малолетничка од с.Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Повеќе

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „употреба на исправа со невистината содржина“ по член 380, против Б.П.(35) од…

Повеќе

Вчера околу 13:45 часот во СВР Скопје, С.Г.(28) од Скопје пријавил дека кај наплатна рампа Петровец, додека се движеле со службено возило со негови колеги пожарникари, едно лице им упатувало закнаи и со употреба на физичка сила го оштетило нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.      

Повеќе

Вчера во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да  ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денес и утре присуствува на регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Глобалниот комплекс на иновации на ИНТЕРПОЛ во Сингапур. Директорот Јанев оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од азиските држави како и со раководството на Генералниот секретаријат и Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ. „Со соговорниците разговаравме за унапредување на полициската соработка преку иновативни пристапи, кои се особено значајни во време на забрзани технолошки промени и сè покомплексни безбедносни предизвици. Како потврда на нашите заложби за современо и ефикасно полициско делување, истакнав потреба од нови модели на размена на информации, користење на…

Повеќе

Џиновската пастрмајлија оваа година ќе биде рекордно голема. Николче Малинов кој традиционално ја пригoтвува џиновската пастрамајлија вели дека за првпат ќе се употреби 17 килограми свинско месо, најмногу до сега споредбено со годините наназад. Посочува дека ќе биде направена по стар штипски рецепт и со сечење на истата на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе се означи стартот на овогодинешното издание на манифестацијата штипска „Пастрмалијада“. -За оваа година подготвивме околу 17 килограми свинско свежо месо, значи рекорд. Лани беше околу 15 до 16 килограми, оваа година се 17 килограми месо. Ќе има околу 25 до 30 килограми тесто и два до три…

Повеќе

Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт, култура и науки, техника, посебни вештини. Како што соопшти Општина Центар, стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026. -Општина Центар и годинава инвестира во младите, во нивната креативност, знаење и спортски дух. Нивните постигнувања се афирмација не само за нашата локална самоуправа туку и за целата држава, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Секој ученик може да аплицира само во една категорија. Потребно е да се достави потврда…

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Димова со нестручно и…

Повеќе