Close Menu
Press24
    Најново

    Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир

    06.08.2026 во 10:26

    Грција потврди 65 случаи на западнонилска треска, регистрирани се и шест смртни случаи

    06.08.2026 во 10:19

    Општина Центар со мерки за топлотниот бран: Вода и бесплатни здравствени проверки за граѓаните

    06.08.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир
    • Грција потврди 65 случаи на западнонилска треска, регистрирани се и шест смртни случаи
    • Општина Центар со мерки за топлотниот бран: Вода и бесплатни здравствени проверки за граѓаните
    • Скопје не го заборава Веле Богатиновски – херојот од обиколница кој спасуваше животи во поплавите во 2016
    • Фрлена рачна бомба пред станбена зграда во регионот – оштетени возила и локали
    • Професорката Лепиткова: Одржливото рударство не е закана, туку обврска засекој нов проект
    • Тетово под полициска контрола: Казнети 50 учесници во сообраќајот, едно лице приведено
    • Екстремни температури во соседството: Уште во 8 часот наутро измерени 30 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МНР со масовна евакуација од Дубаи: 150 патници вечерва слетуваат во Скопје, меѓу нив и државјани на соседите

    МНР со масовна евакуација од Дубаи: 150 патници вечерва слетуваат во Скопје, меѓу нив и државјани на соседите

    10.03.2026 во 13:192 Mins Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

    Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат.

    Авионот од Дубаи се очекува да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20:00 часот по локално време.

    Во однос на евакуацијата од Ријад, која е планирана за утре, информираме дека до овој момент се пријавени вкупно 153 патници кои ќе полетаат од Riyadh – King Khaled International Airport. Од нив, 9 се од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт.

    Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје.

    Напоменуваме дека целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од страна на Владата преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

    Прочитај повеќе

    Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир

    06.08.2026 во 10:26

    Општина Центар со мерки за топлотниот бран: Вода и бесплатни здравствени проверки за граѓаните

    06.08.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.